четврток, 26 јуни 2008

Нов амфитеатар во Варош

Во најстарата прилепска населба Варош во тек е изградбата на новиот амфитеатар кој што ќе претставува сцена за културни, театарски, уметнички и музички перформанси. Објектот е сместен во дворот на црквата „Св. Димитриј“ и свечено ќе биде пуштен во употреба на крајот од Јули со музичко-театарски изведби. Со тоа се привршува една фаза од реновирањето на населбата Варош и Марковите Кули каде што е направена туристичката патека. Се очекува овој дел да стане атрактивно место за туристички посети на сите културни и историски објекти и предели. Да потсетиме дека Марковите Кули се во најтесниот избор за да влезат под заштите на УНЕСКО.