сабота, 7 јуни 2008

34-ти Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“

Денес и утре во Прилеп и Долнени по 34-ти пат ќе се одржи Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“. Со дефиле на учесниците, низ улиците на Прилеп, ќе се отвори манифестацијата, а попладнето и утредента во Долнени ќе се одржи натпреварувачкиот дел . Годинава на фестивалот ќе настапат околу 400 учесници од земјава, Србија, Словенија и од Бугарија, а најмаладиот учесник со само 8 години доаѓа од Ново Село струмичко, додека највозрасниот со 92 години е од фолклорната група "Копачка" од Делчево која одбележува шест децении постоење. Статуетката на гајдачијата и наградата Гран при и годинава ќе ја додели Советот на фестивалот, а наградени ќе бидат и најуспешните групи и поединци. Општината Долнени, традиционално на најуспешниот странски изведувач ја доделува гајдата на „Пеце Атанасоски“.
Извор: „Вест“