вторник, 30 декември 2008

Мултимедијално ЦД - Преображение

Деновиве, ризницата со која се бележи важното историско, културно, но и актуелно и живо наследство во Македонија е збогатена со уште еден необичнен паметник. Станува збор мултимедијалното, двојазично ЦД на Зрзеските монаси, во издание на Манастирот Зрзе, насловено Преображение.
Преображение е резиме со кое монашката заедница на манастирот Зрзе сака да го сподели она што го вкусила како дар на вековното наследство, но и како сопствен духовен опит, стекнат на преминот од 20 во 21 век, во периодот од 1998-2008 година. Oваа едноставно раскажана приказна на преобразувањето е споделено соочување со слободата, љубовта, волјата, борбата, животот и смртта. Визуелната, вербалната и музичката нарација ткаат текст кој станува сведок на едно поинакво раѓање, кое се огледува во наличјето на подвигот да се сочува мелосот на една историја, но и да се впишат во симфонијата на животот новите невми на заедницата која наследува и надградува. Низ трите поглавја насловени како Корени, Калеми и Цутови, повикани сме да бидеме учесници во една интерактивна игра, во еден жив дијалог кој е потврда за тоа дека сè е отворено за преобразби и за поинакви читања, кои се по мера на време-просторот што човекот го вкусува.
Мултимедијалното ЦД Преображение, е исчекор во однос на досегашниот третман на културното и духовното наследство. Она што го прави посебен и еднинствн овој авторски труд е тивкиот, но длабок и темелен влог на оние што ги живеат во мигов сите разгранувања на сегашното и на минатото време. Преображение е „место“ каде што на фантастичен начин се преклопуваат современието и сеќавањето.
Текстот и дизајнот се во авторство на Зрзеските монаси, при што се користени и извадоци од Светото писмо и делата на светите отци, како и од интервјуата на зрзескиот игумен, епископ Климент. Музиката е на Ивица Јанкуловски и на Ристо Солунчев. Изобилството на фотографии е на Зрзеските монаси, Иван Блажев, Огнен Теофиловски, Игор Божиновски, Димитрија Димески, Завод и музеј, Прилеп, а користени се фотографии и од архивата на манастирот „Свето Преображение – Зрзе“. Техничката обработка е на Сивус, а преводот на англиски јазик е на Александар Зафировски.
Извор: Culture.in.mk

„Гранпри“ за „Приказна за војникот“

Претставата „Приказна за војникот“ на центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп ја освои наградата „Гранпри“ за најдобра претстава на 10. издание на фестивалот на аматерски театарски групи од Македонија „Лица без маски“. Претставата на режисерот Игор Трпчевски во април 2009 година ќе ја претставува Македонија на интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“.
Тричленото жири изборот на најдобрите го направи во селекцијата од осум претстави на аматерски изведувачи, четири од Скопје и четири од внатрешноста.
Извор: Шпиц

понеделник, 29 декември 2008

Најдобрата театарска година на прилепскиот театар

Прилепскиот театар зад себе ја остава најдобрата театарска година досега. Во 2008 имаше голем број на премиери: „Песијазол“ во режија на Бранко Ставрев, „Приказна за војникот“ на Игор Трпчески, „Тапани во ноќта“ на режисерот Мартин Кочовски, детската претстава „Волшебникот од Оз“ на Петар Димоски, „Службогонци“ на режисерката Софија Ристевска, и премиери од 2007 година кои беа цела 2008 година на репертоар: комедијата „Од кол на кол“ на Коле Ангеловски, „Светилникот“ на Владо Цветановски и претставата за деца „Хајди“ на Петар Димоски.
Претставата „Песијазол“ на режисерот Ставрев, а по текст на Петар Петрески во летниот период имаше претставување во неколку македонски градови како што се Штип, Пробиштип, Демир Хисар во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, во организација на Министерството за култура. Претставата „Приказна за војникот“ после повеќе од дестина изведби на матичната сцена, во мај учествуваше на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, каде освои награда за најдобра претстава на фестивалот-ГРАН ПРИ и зема учество на интернационалниот фестивал „Репасаж“ во Србија, каде освои награда за најдобра сценографија и награда за најдобра улога која ја доби Бобан Алексоски. „Приказна за војникот“ зема учество и на фестивалот „Лица без маски“ во Скопје каде што освои награда за најдобра претстава на фестивалот –ГРАН ПРИ, а во април 2009 година на интернационалниот „Лица без маски“ во Скопје ќе ја претставува Македонија.
„Тапани во ноќта“ на режисерот Кочовски го прослави прилепскиот театар оваа година со настапите на фестивалите: „Белеф“, во Белград, „Експонто“, во Словенија, „МЕЕС“ во Сараево и Зеница каде освои три награди и тоа: награда од критиката, Сребрен ловоров венец за најдобра претставата во категоријата претстави од Средна Европа и со Златен венец за најмлад режисер за Мартин Кочовски. Во „Тапани во ноќта“ освен ансамблот на прилепски театар играат и Илина Чоревска, а музиката е на битолската група „Фолтин“ која музиката на сцената ја изведува во живо. Најновата детска претстава на театарот е претставата „Волшебникот од Оз“ на новата театарска сезона во режија на Петар Димоски, со оваа претстава идната година ќе има меѓународно претставување на балканските фестивали. Театарската претстава „Службогонци“ е комедија во режија на Софија Ристевска. Оваа претстава беше последната премиера за оваа година во театарот, а се играа и претстави чии премиери беа минатата година како што е претставата „Од кол на кол“, која наскоро ќе ја има својата педесетта изведба на проверениот комедиограф Коле Ангеловски. Претставата оваа година го отвори првиот меѓународен театарски фестивал на комедијата во Охрид, а го отвори и фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово. Оваа претстава годинава е прикажувана и во другите театри низ Македонија како што се Делчево, Радовиш, Свети Николе и др. „Светилникот“ во режија на Владо Цветановски оваа година се играше на матичната сцена и зама учество на годинешниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ каде ја освои наградата за современа сценска драматизација. Претставата се играше и во театар Центар (МНТ) во Скопје. Претставата за деца „Хајди“ на Димоски се играше на матичната сцена и гостуваше во Центарот за култура во Демир Хисар. Годинава на сцената од прилепскиот театар се играа и претставите од МТФ „Војдан Чернодрински“: „Да се заборави Херострат“ на Велешки театар, „Импресарио од Измир“ на Тетовскиот театар, „Обѕрни се во гневот“ на Битолски театар, „Бегалка“ на Штипски театар и др.
Прилепскиот театар зад себе ја остава најдобрата театарска година досега. На почетокот од новата 2009 година театарот ќе ја има премиерата на претставата „Г-ѓа Јулија“ на Кирил Петрески чии подготовки за претставата се во тек, а ќе се работат претставите: „Таму каде што не сум бил“- текст на Жанина Мирчевска, во режија на Зоја Бузалковска, „Бели ноќи“ на Достоевски, во режија на Звезана Ангеловска, „Крпен живот“ на драматургот Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски, комедијата „Јане Задрогаз“ на Горан Стефановски со проверениот комедиограф Коле Ангеловски, претставата „Тартиф“ на Молиер за која режисерско видување ќе има режисерот Кирил Петрески како и детската претстава „Малиот Принц“ на Егзипери во режија на Петар Димоски.
Извор: Culture.in.mk

Зимски разгледници



сабота, 27 декември 2008

Предновогодишен фестивал во Апореа

Настапуваат:

  • Toxic
  • Crossroad Blues Band
  • Tetrapak
  • Eclipse
  • Germinativ
  • Udarna Formacija
  • Crna Hronika
  • Zeppelin Mix+Drum Solo
Недела 28.12.2008, почеток 21.00 часот

среда, 24 декември 2008

Стефанија Биноска најубава во 2008 година

Деветнаесетгодишната Стефанија Биноска од Прилеп, членка на модното студио „Црнокрак“, е избрана за мис на 2008 година, на изборот на кој учествуваа наградените девојки од сите годинешни избори за убавина. Веќе традиционалниот избор се одржа во хотелот „Романтик“ на Велешкото Езеро, во организација на модните студија „Црнокрак“ од Скопје и „Шанел“ од Битола, кои продолжуваат со успешната соработка.
За прва придружничка беше прогласена 16-годишната Николина Кузмановска од Битола, членка на „Шанел“. Титулата втора придружничка и припадна на 19-годишната Зорица Атанасова од Кавадарци, членка на „Црнокрак“.
Доделени беа уште три титули. Мис шарм стана велешанката Дијана Недева, која има 17 години и е членка на студиото „Црнокрак“. Мис фото е Ели Чупона од Битола, додека публиката за своја убавица ја избра Кристина Кочова од Демир Капија, двете од студиото „Шанел“.
Извор: Нова Македонија

недела, 21 декември 2008

Марко Настиќ на 26.12 во Прилеп

среда, 17 декември 2008

Пронајдени три мермерни глави во Стибера

Три мермерни глави од скулптури, скршени и фрлени во канал се пронајдени на локалитетот Стибера кајПрилеп.Археологот Лилјана Кепска вели дека скулптурите биле работени за видни граѓани на античкиот град. Едната е глава на младо момче, втората на возрасен маж во натприродна големина и третата на жена. Скулптури се со поголеми димензии и веројатно се на значајни личности на градот - вели Кепеска.Новите археолошки наоди заедно со претходно откриените на божицата Ника, на портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена без глави и нозе, според стручњаците сведочат дека Стибера крие непроценливо богатство за осознавање нови факти во античката историја на градот и за Македонија.Археолошките истражувања ќе продолжат и в година. Локалитетот Стибера првпат бил пронајден пред 80 години во близината на селото Чепигово кај Прилеп.
Извори: Дневник, А1

80.000 сарми за Гинис


вторник, 16 декември 2008

Се подготвува „Госпоѓица Јулија“ во Народниот театар

Претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Кирил Петрески премиерно ќе биде изведена неколку дена пред нова година, а изведбите на претставата ќе продолжат после новогодишните празници со самиот старт на театарот со целосниот репертоар.
Освен играњето на овие театарски претстави, во 2009 година репертоарот ќе се надополни со уште неколку театарски проекти:
„Таму каде што не сум бил“ по текст на Жанина Мирчевска и режира на Зоја Бузалковска;
„Бели ноќи“ на Достоевски во режија н Ѕвездана Ангеловска;
„Крпен живот“ на драматургот Блаже Миневски и режија на Владо Цветановски;
Комедијата „Јане Задрогаз“ на Горан Стефановски со проверениот комедиограф Коле Ангеловски;
„Тартиф“ на Молиер за која режисерско видување ќе има режисерот Кирил Петрески како и детската претстава „Малиот Принц“ на Егзипери која ќе ја режира Петар Димоски.
Извор: Прилепски Театар

недела, 14 декември 2008

Интерен фестивал на современа кратка драма

Театарот „Чин 4, сцена 5“ го претставува интерниот фестивал на современа кратка драма „Гола сцена“ на режисерот Саша Нацевски. Претставите ќе се играат на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 20.00 часот, а влезниците ќе бидат 30 денари.
Репертоар:
15.12.2008 - „Приказна за една свадба“
16.12.2008 - „Позајмени делови“
17.12.2008 - „Чуден знак“
18.12.2008 - „Траги на меморија“
22.12.2008 - „Виножито од цимет“
23.12.2008 - „Фрог ја сака Кристи“
24.12.2008 - „Додека чека автомобилот“
25.12.2008 - „Фамилија 2.0“

четврток, 11 декември 2008

Психомодо поп за нова година во Прилеп

Легендарната хрватска рок група „Психомодо поп“ ќе настапи во Прилеп за пречекот на новата 2009 година. Формирани во 1983 година, со својата музика и необичните сценски настапи за кратко време ја освоија публиката во бившата Југославија и беа еден од ретките бендови од овие простори чии спотови редовно се вртеа на MTV. Досега имаат издадено повеќе од десет студиски, во живо и компилациски албуми. Сите нивни македонски фанови ќе можат да присуствуваат на нивниот настап на 31 Декември на градскиот плоштад во нашиот град.
Во останатиот дел од програмата за пречекот на новата година ќе настапат: Елена Велеска, Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Драган Б.Костиќ

четврток, 4 декември 2008

Изложба на белградскиот вајар Зоран Ивановиќ

Зоран Ивановиќ, вајар од Белград, на изложбата во Прилеп се претставува со портретот на Александар Македонски и со дваесетина фотографии со неговите дела - монументални скулптури и портрети.
Портретот на Александар Македонски тој го изработи летово кога беше гостин на Прилепското уметничко лето.
"Македонија е вистинското место за да се направи скулптура на Александар Македонски. Тука креацијата е неограничена, ликовно е многу интересен поради карактерот и степенот на идеализација, што мене ми е особено важно", вели белградскиот вајар Ивановиќ.
Преку фотографиите прилепчани имаа можност да ги видат споменикот на кралот Александар Караѓорѓевиќ во Ниш, на кој Ивановиќ работел три години, споменикот на Бранислав Нушиќ, поставен на плоштадот Република во Белград и многу други портрети и скулптури.
Извор: Вест

среда, 26 ноември 2008

Уметничка колонија „ЧЕ АРТ“














Извор: Прилеп он блогерај

недела, 23 ноември 2008

„Службогонци“во прилепски театар

Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечерва, во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Службогонци“, работена според текст на Иван Вазов, во режија на Софија Ристовска. Главните улоги ги толкуваат актерите Трајче Иваноски и Марјан Чакмакоски. Во претставата ќе настапи речиси целиот актерски тим на театарот. Мери Јован е авторка на костимите и на сценографијата, за видеото се погрижи Филип Јованоски, а Илија Филипоски ја направи музичката илустрација.Режисерката Ристовска се одлучила за Вазов бидејќи текстот е актуелен, иако е стар повеќе од сто години.

- Претставата е комедија со трагичен призвук. Ја донесува денешнината, во која се моли за работа, за статус во општеството. Тоа можеби изгледа смешно, сепак е трагично. Очекувам публиката да се препознае во претставата - вели Ристовска. Раководителот на театарот Стојан Дамчески вели дека публиката има потреба малку да се релаксира, по длабочината и силниот меѓународно потврден квалитет на претходната претстава, „Тапани во ноќта“.

- Комедијата е фах на Иваноски и Чакмакоски. Се надевам на дека „Службогонци“, со актуелноста и со играта, ќе ја импресионира публиката и долго ќе биде поставена на сцената - вели Дамчески.
Извор: Дневник

четврток, 20 ноември 2008

„Трета димензија“ промовира нов спот

Прилепската група „Трета димензија“ го промовира спотот за песната „Ноќва остани“ , со која се претстави на годинашното издание на фестивалот „Ѕвездена ноќ“. Клипот е снимен на локацијата „Кула Б“ во Прилеп, а покрај членовите на бендот, во него се појавува и младата тапанарка Весела Димевска. Составот, што го негува поп-рок стилот, го сочинуваат младите Даниел Павловски (вокал) и Дарко Ристески (гитари), како и искусниот клавијатурист Душко Темелковски, познат во јавноста како член на групите „Бен Хур“ и „Кучешка тенија“ која настапуваше со Ристо Бомбата. Темелковски се јавува како автор на темата „Ноќва остани“, а за аранжманот се погрижи Борче Шабановски. „Трета димензија“ моментално работи на новата нумера „Исто што и ти“, повторно дело на Темелковски, во аранжман на Дарко Тасев.
Извор: Дневник

понеделник, 17 ноември 2008

Ден на дрвото

Во среда, 19 Ноември, по втор пат ќе се одржи акцијата за засадување на млади садници „Ден на дрвото“. Акцијата предвидува вклучување на сите граѓани од Македонија во засадувањето на нови садници на голем број места. Нашиот град ќе биде застапен со две локации на пошумување, кај с.Алинци и Дервен. Поаѓањето на првата локација е во 08.00 часот од пред Домот на култура „Марко Цепенков“, додека поаѓањето на втората локација е од пред општината во исто време.

Токсик на Winner Fest

Прилепскиот рок бенд Токсик ќе учествува на годинешниот Winner Fest во организација на Литиум Рекордс како дел од програмата на годинешниов Таксират. Победникот на Winner Fest како награда добива снимање на ЦД во издание на оваа издавачка куќа. Првиот настап е на 20.11 во Битола, на 21.11 во Штип и главната вечер е на 22.11 во МКЦ, Скопје.

вторник, 4 ноември 2008

„Приказна за војникот” на фестивал во Србија

Театарската претстава „Приказна за војникот” на прилепскиот театар, во режија на Игор Трпчески, ќе учествува на фестивалот „Репасаж” во Србија во градот Уб на 11 ти ноември. На фестивалот „Репасаж” се натпреваруваат претставите од целиот Балкан кои добиле нагарда за најдобра претстава на домашните аматерски фестивали. Претставата „Приказна за војникот” оваа година ја доби нагардта Гран при за најдобра театарска претстава на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Премиерата на претставата беше на почетокот од месец март оваа година на сцената од прилепскиот театар. Во претставата се раскажува ужасната судбина на војникот кој ѓаволот му го следи секој негов чекор и му го уништува животот до самиот крај. Режисер на претставата е Игор Трпчески, сценографијата и костимите се на Бојана Артиновска, кореографијата и сценските движења на Кире Миладиноски, музиката е на Игор Стравински, а текстот на Шарл Фердинанд Рами. Главните ликови во претставата ги играат Бобан Алексоски во улогата на ѓаволот и Илија Волчески во улогата на војникот.
Извор: Culture.in.mk

Денешни написи поврзани со народниот театар „Војдан Чернодрински“:

недела, 2 ноември 2008

Премиера на „Волшебникот од Оз"

Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп, недела 02 ноември 2008 година премиерно ќе ја изведе претставата за деца и млади „Волшебникот од Оз" како прв проект во новата сезона. Претставата е современа бајка за јунаците од приказната "Волшебникот од Оз". Режисер на оваа претстава е Петар Димоски, а улогите ги играат: Марија Спиркоска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Милан Секулоски, Димитар Вандески, Бобан Алексоски, Илија Волчески и членови на балетското студио "Зодијак" од Прилеп. Музиката за детската претстава е на Душан Темелковски, кореографијата и сценските движења на Кире Миладиноски, костимите на Раде Василев, а целокупниот дизајн за претставата е на Владимир и Игор Ѓорѓијоски. Со оваа детска претстава се планирани гостувања на интернационални детски фестивали надвор од земјава.
Извор: Culture.in.mk

четврток, 30 октомври 2008

Програма за „3-ти Ноември“

2 Ноември

19.00 часот:
Свечено отворање на туристичката патека „Крал Марко“ и амфитеатарот во Варош каде што концерт ќе одржат Борис Трајанов и квартетот Даутовски.

3 Ноември

09.00 часот:
Положување на цвеќе на спомениците на првиот претседател Методија Андонов-Ченто, паркот на револуцијата и Песјобрдце.
11.00 часот:
Пуштање во употреба на новата зграда на Основен Суд-Прилеп
16.00 часот:
Петта прилепска бригада-кружен тек, реконструкција на водоводната мрежа-почеток на фаза II
17.00 часот:
Поставување на камен темелник на новата административна зграда на ЈКП „Водовод и канализација“
19.00 часот:
Доделување на наградите „3-ти Ноември“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Концерт на Софија Никоска-виолина, Христина Никоска-пијано и градскиот црковен хор под диригентство на Илија Јанчулески

Награда за животно дело ќе добие оперскиот пејач Борис Трајанов.
Годинешни носители на наградата „3-ти Ноември“ ќе бидат: Гоце Седлоски, Наталија Ацеска, Илија Јанчулески, Петре Алавантиоски, Томислав Темелкоски, Виолета Проскоска и Сабина Асаноска

среда, 29 октомври 2008

Три награди за прилепскиот театар на МЕСС

Претставата „Тапани во ноќта“ во продукција на Народниот театар од Прилеп, доби три награди на 48. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево.
Претставата работена по Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски е наградена со Сребрен ловоров венец за најдобра претстава во категоријата MittelEurope. Наградата „Јурослав Корениќ“ за најдобар млад режисер му е доделена на Мартин Кочовски, кој ја дели со Филип Гринвалд. Прилепскиот театар ја доби и наградата на Тркалезната маса на критиката на МЕСС 2008 за најдобар авторски став „Клуч за толкување“.

Ново востановената награда „Марко Ковачевиќ“, која што се доделува за најдобра книга од областа на есеистиката или публицистиката за сценските уметности, оваа година и е доделена на театарската критичарка и публицистка од Македонија, Лилјана Мазова за книгата „Посветеност, Процеси, Персони“ во издание на Силсонс, Македонија.
Наградите на 48. Интернационален театарски фестивал МЕСС, што се одржа од 18 до 28 октомври, утринава беа соопштени во Сараево.
На годинешниот фестивал беа прикажани 33 претстави од 17 земји од светот. Гран при или Златниот венец за најдобра претстава во целина, жирито и додели на претставата Sclavi/Емигрантска песна, во продукција на театарското студио Farm in the cave од Чешка.
Извор: Макфакс

вторник, 28 октомври 2008

Спортски викенд

Пелистер-Победа 0:1
Со голот на Нестороски во 71 минута фудбалерите на Победа ги освоија бодовите во пелагониското дерби што се играше „Под тумбе кафе“. Со тоа поправен е впечатокот од лошиот старт на сезоната и сега со поволниот распоред, двете нови засилувања во Крстев и Ристевски како и воиграноста на екипата реални се очекувањата за искачување во горниот дел на табелата и борба за местата кои водат во Европа. Следната недела Победа ќе одмора и ќе се подготвува за дерби натпреварот со лидерот на табелата скопски Вардар кој од летово го има и новиот спонзор во името на Трифун Костовски.
Вардар О.-11 Октомври 1:3
Пријатно изненадување се и одбојкарите на 11 Октомври кои после победата на Шкендија им го зедоја скалпот и на Вардар Осигурување и тоа на гостински терен. Домаќините кои најавуваа сигурна победа се најдоја затечени од новиот годинашен тим, засилен и одлично воигран кој ќе атакува на врвот од табелата.
Златен Даб-слободен
Ракометароте на Златен Даб засега немаат достоен противник во втората македонска ракометна лига и слават убедливи победи. Ова коло беа слободни после успехот во Охрид против домаќинот Климент Охридски со 13:34
11 Октомври-Бабуна 4:2
Нова лесна победа издвојуваа фудбалерите на третолигашот 11 Октомври овојпат на домашен терен против велешка Бабуна. За разлика од минатото коло кога противникот деветпати ја вадеше топката од сопствената мрежа овај викенд стрелците се „релаксираа“. 11 Октомври цврсто ја има запоседнато првата позиција на табелата и е најсериозен кандидат за влегување еден ранг повисоко.

понеделник, 27 октомври 2008

Прилепскиот театар ја заврши турнејата во БиХ и Црна Гора

Со претставата „Тапани во ноќта“, прилепскиот Театар ги заврши еднонеделите гостувања во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Започа со учеството на 48. Меѓународен театарски фестивал МЕСС во Сараево на 19 ти октомври, два дена потоа гостуваше во Зеница за на крајот на 24-ти турнејата да ја заврши пред театарската пулика во Подгорица, Црна Гора.
-Задоволни сме од настапите и од реакциите на публиката и на критиката. Претставата “Тапани во ноќта” живее и се надградува, а играта на актерите е покомпактна. Искуството стекнато на МЕСС, каде се најдовме меѓу 17 земји учеснички е огромно зашто бевме во рангот на реномираните светски театри како што е берлинскиот, изјави режисерот на “Тапани во ноќта” Мартин Кочовски.
Во Подгорица гостуваше на покана на Народно позориште, каде од директорот на театарот Јанко Љумовиќ е најавен продолжување на соработката со прилепскиот театар.
Министерот за култура на Црна Гора, Бранислав Миќуновиќ навестува конкретна соработка со македонското Министерство со кое пред две години има потпишано начелен договор.
- Сега во ноември очекувам билатералната соработка на културен план да ја конкретизираме. Во почетокот на идниот месец ќе потпишеме конкретни тригодишни договори со 4-5 македонски институции од културата. Ќе стане збор за копродукции, фестивалски продукции и размена на проекти, како што се театарски и оркестарски. Ќе се одреди и бројот на проектите за размени и гостувања во двете земји, изјави црногорскиот министер за култура Миќуновиќ.
Според него тоа ќе значи здружување на културниот дух во двете земји кои и досега имаат непречена плодна соработка.
Извор: МИА

среда, 22 октомври 2008

Наскоро започнува градењето на затворениот олимписки базен

Во Јануари, на почетокот на идната година треба да започне градењето на затворениот олимписки базен во нашиот град. Локацијата ќе биде во населбата Аличаир кај поранешната зоолошка градина.
Освен базентот со димензии 50 х 25 метри, ќе има и други придружни објекти како фитнес, теретана, мали сали, деловни објекти...
Ова е доста значајна инвестиција во спортот кај нас бидејќи објектот ќе може да се користи како за рекреативци така и за одржување школски часови но и професионално занимавање со некој од спортовите на вода.

вторник, 21 октомври 2008

Откриени скулптури на божицата Нике и на Ефеб

Две скулптури од античко време се откриени на археолошкиот локалитет Стибера кај Прилеп. Скулптурата на божицата Нике е со крилја. Археолозите пронашле и нов, досега неистражен култен објект. Ретка скулптура е Нике, иако без глава. На неа има и релјеф, а големината и' е од 35 до 40 сантиметри. Пронајдена е во два дела, колкови и горен дел што прават целина. Нике била гласник на боговите. Се вклопува во периодот околу 2 век, кога градот бил во процут - вели археологот Лилјана Кепеска од прилепскиот Завод и Музеј.Околу еден метар висока е скулптурата на младото момче Ефеб. Таа претставува момче што вежба и се обучува за повеќе вештини. Најдовме и дланка со диск в рака на момче што најверојатно извојувало победа во фрлање диск - вели Кепеска.Новиот објект допрва ќе се истражува. Според дебелината на ѕидовите, упатува на култен простор.
Извор: Дневник
Врски: Време, Вест

понеделник, 20 октомври 2008

Сам себе си го уништувал

Паркот на револуцијата

Ќе бидат ли вратени?Мали се казните или толкава ни е културата?

сабота, 18 октомври 2008

Германската колкеција на МСУ во Прилеп

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изложбата претставува сегмент во развојот на ликовната уметност во Германија. Оваа збирка на МСУ содржи 121 дело од 46 автори. Изложбата ја организираат Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура, во соработка со Националната галерија на Македонија и со МСУ, во рамките на долгорочниот проект „Кич, да!? Сте или не?“. Целта на акцијата е да се претстави и да се промовира ликовната уметност. На тој начин до публиката ќе се доближат врвните уметници од македонската и од светската ликовна сцена.
Извор: Дневник

вторник, 14 октомври 2008

Се подготвува „Службогонци“

Во Прилепскиот театар започна да се работи четвртиот проект за оваа година „Службогонци“ од Иван Вазов, кој го режира Софија Ристевска, а во кој учествува поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата е закажана за ноември, а до крајот на годината ќе биде реализиран уште еден камерен проект во режија на Кирил Петрески, со што се заокружува вкупната бројка од пет претстави кои Прилепскиот театар ќе ги реализира годинава. За идната година тој конкурираше до Министерството за култура со седум претстави, но допрва ќе биде познато колку проекти ќе му бидат одобрени.
Извор: Утрински Весник

Интернационален детски музички фестивал „Ѕвездички“

Од 14 до 20 Октомври 2008 година во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи 8`то издание на Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“. На фестивалот ќе настапат детските ѕвезди од Малта, Белгија, Унгарија, Литванија, Русија, Романија, Србија, Украина, Летонија, Грузија, Молдавија и Македонија. На 17’ти и 18’ти октомви ќе се одржат двете полуфинални вечери на кои што ќе настапат сите учесници, а на 19’ти октомври ќе се одржи финалната вечер на која што ќе настапат најдобрите ѕвездички по избор ма меѓународното жири.
За време на престојот на гостите од странство, организирана е богата програма со цел што подобро да се запознаат со културното богатство на нашата земја како и со нашата традиција.
По завршувањето на фестивалот најдобрите учесници од Македонија ќе настапат на многу меѓународни фестивали низ целиот свет на кои што ќе ја претставуваат нашата земја.
Извор: Culture.in.mk

четврток, 9 октомври 2008

Единствени сестри во Бундес лигата

Од оваа сезона во Германија сестрите Андријана и Матилда Атанасоски се единствени по една работа. Тие се единствениот тандем сестри кои доаѓаат надвор од Германија и настапуваат во Бундес-лигата.
Помалата Матилда е во овој тим од почетокот на оваа година, а Андријана зад себе има поголемо искуство со настапите во Германија. Таа досега играше во Мајнцлар и одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Турингер и да игра заедно со својата сестра и да го направат единствениот сестрински интернационален тандем во Првата лига на Германија.
"Во моментов сме презадоволни од сето она што го имаме во клубот. Сите услови коишто се потребни се исполнети и се работи на професионално ниво. Имаме одличен тренер, кој во исто време е и психолог, а имаме и големи амбиции со клубот", велат сестрите Атанасоски за првите впечатоци од случувањата во тимот.
"Презадоволни сме и од тоа како сме прифатени од колешките. Во тимот сме вкупно осум интернационалки од кои три сме Македонки и две Хрватки. Немаме проблем со комуникацијата и се разбираме одлично. Едноставно секоја од нас си ја работи својата работа, така што професионалноста е на високо ниво".
Целиот текст

вторник, 7 октомври 2008

Раде Дичоски

Роден на 21.04.1966 г. во с. Мало Коњари, Прилеп каде после завршеното основното училиште заминува во Нови Сад во военото медицинско училиште. Како воен старешина работи во ЈНА, а во меѓувреме се занимава со сликарство и кратки стрип приказни за војничките списанија. Од осамостојувањето на Република Македонија работи во АРМ и продолжува да работи на македонските народни приказни собирани од Марко Цепенков и можноста тие да се прикажат во стрип. Во 2005 г. издадено е и првото стрип списание со македонски народни приказни каде главни ликови се Ѓорѓи и Шенка Колозови како едни од најприфатените за презентирање на народните македонски приказни. Со цел посликовито да се долови начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата, носиите и другите карактеристики на тоа време, продолжува со обработка на познатите ликови Итар Пејо и Насрадин Оџа. Како пензиониран старешина во моментов соработува со војничкото списание Армиски Збор и Австралиско – македонски неделник.
Интензивно работи на подготовка за издавање на посебно списание со ликовите на Итар Пејо и Насрадин Оџа како и издавање на стрипови со македонски народни приказни.
Преземено од: Крали Марко

четврток, 2 октомври 2008

„Прилеп танцува“

Вториот ревијален собир на најдобрите балетски и танцови групи од Македонија, „Прилеп танцува“, ќе се одржи в сабота, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во градот под Марковите Кули. На манифестацијата ќе настапат сите групи, поединци и институции од општина Прилеп, како и најдобрите танцови ансамбли од земјава.
Настанот е резултат на заедничката соработка на Кире Миладиноски од танцовото студио „Зодијак „ и Центарот за култура како матична куќа на ова уметничко студио. Во гала-вечерта публиката ќе ги види „Анабела“ (Велес), „Ултра“ (Куманово), „Газели“ (Радовиш), „Венус“ (Кавадарци), „БАХ“ (Струга), „Ребис“ (Скопје). Годинашната програма ќе биде дополнета со дискусии за уметничката форма и проекции на најдобрите продукции од областа на модерниот и современиот танц од светот.

петок, 26 септември 2008

Ново издание на „Мелфест“

Утревечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 20.00 часот ќе се одржи 17-тото издание на младинскиот фестивал „Мелфест“. Целта на оваа музичка манифестација е да промовира млади и надежни македонски пејачки гласови кои досега не добиле шанса да се промовираат пред јавноста. Годинава ќе настапат 24 нови имиња. Досега преку „Мелфест“ се афирмирале доста популарни имиња на нашава естрада како: Дани, Елена Петреска, Тоше Проески, Марјан Стојановски, Ламбе Алабаковски...

Стрип новости

Во рамките на 6-тиот Меѓународниот стрип фестивал во Белград, во недела во 18.00 часот во големата сала при СКЦ, покрај другите издавачи Центарот за визуелна уметност „Визант“ од Прилеп ќе ги промовира своите независни изданија: првиот печатен интернационален стрип мегазин „Beyond Borders“, каде насловната страна е дело на познатиот уметник Атанас Ботев, 200 страници едиција „Прилеп град на културата 2007“, „Пост-Кард 007“ со македонски автори: Горан Дачев, Смиле Цветановски, The Мичо и др, како и стрип постерот „Ернесто Че“ на Златко Крстевски.
Извор: Culture.in.mk

Легендарниот стрип „Алан Форд“ на кирилско писмо, на македонски јазик вчера беше промовиран во Прилеп. Издавач е „Варм комикс“, од каде што велат дека стрипот се издава по повод 40 години од првиот број на „Алан Форд“ отпечатен во Италија. Изданието е во колекционерски формат, а ќе излегува двапати месечно.
Извор: Вест

Упатувам повик до сите прилепски стрип автори доколку сакаат да ја претстават својата работа и своите дела да пишат на е-маил адресата: prileponline/at\gmail.com

четврток, 25 септември 2008

Прилепчани ги собраа аплаузите во Љубљана

Десеттемина актери од прилепскиот театар не можеа да ја напуштат сцената на Словенско младинско гледалишче завчеравечер, откако публиката во преполната сала ги наградуваше со аплаузи и овации по изведбата на претставата „Тапани во ноќта“, од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Прекрасната фестивалска публика им приоѓаше на авторите на претставата и разговараше со нив. За разлика од вообичаената слика, кога најчесто гостува наш театар надвор од Македонија и кога најмногу има Македонци, кои доаѓаат да го слушнат мајчиниот јазик, овој пат доминантна беше публиката што сакаше да види претстава.Прилепскиот театар тоа и им го подари. Ја имаше честа да го затвори 15-тото издание на фестивалот на современ театар „Екс понто“, кој во изминатите десет дена го исполнуваше културниот простор на словенечката метропола.
Целосна репортажа од Љубљана, „Дневник“

среда, 24 септември 2008

Откриена изгубената престолнина Пелагонија?

Се повеќе се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е единствена од ваков тип на Балканот. Слична има само во Пела во Грција.
„Според начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал, за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски, раководител на Археолошките ископувања.
Оваа гробница потекнува од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се претпоставува дека е ограбена уште во антиката.
„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.
Гробницата се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на денешна Грција.
За жал, оваа година државата не оддели средства за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат повеќе од 150 години.
Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга.
Извор: А1

вторник, 23 септември 2008

Нов број на „Стремеж“

Новиот број на списанието „Стремеж“ од Прилеп донесува повеќе поетски, прозни и есеистички прилози од познати македонски автори, како и преводи од српската теорија и белетристика. Во воведната рубрика „Расказ за овој број“ е објавен постмодернистички интонираниот расказ „Непознатите ракописи на Сингер“ од Младен Србиновски, кој е проследен со критичкиот осврт на Трајче Крстески.
Во овој број на списанието, по повод јубилејот 100 години од раѓањето на големиот македонски поет Кочо Рацин, е објавен текст од Филомена В. Марковска, во кој таа открива провокативни детали за животот и за убиството на Рацин. Во рубриката „Критика и есеистика“ Санде Стојчевски се осврнува кон поезијата на познатата бугарска поетеса Елка Њаголова, Никола Маџиров во есејот „Расплетување на поезијата“ ги изложува своите размислувања за интегрирањето на поезијата во електронскиот свет, Маја Апостолоска се осврнува кон книгата „За восхитот и пораката“ од Санде Стојчевски, определувајќи ја како полемички интонирана афирмација на иманентниот пристап кон книжевното дело во која авторот вешто ги комбинира теорискиот дискурс и дијалогот, а Александра Димитрова ги анализира ликовите во романот „Смртта на дијакот“ од Драги Михајловски.
Во рубриката „Поезија“ свои прилози имаат Науме Радически и Борис Апостолов, а во рубриката „Проза“ е објавен расказот „Менаџер“ од Емил Калешковски. Во рубриката „Преводи“ македонските читатели можат да го прочитаат есејот „Уметноста меѓу интересот и монахизмот“ од Бранко Лазиќ, како и расказите на Данило Николиќ и Милисав Савиќ.
Извор: МИА

понеделник, 22 септември 2008

Циклус „Антологиски македонски филм“

Од утре стартува циклусот „Антологиски македонски филм“ во кој ќе бидат прикажани шест филмови од постарата продукција. Проектирањето на филмовите започнува во 20 часот на добропознатата „Сцена 105“ во центарот за култура „Марко Цепенков“. Еве го и целосниот репертоар:
23.09.2008, „Солунските атентатори“
24.09.2008, „Мирно лето“
25.09.2008, „Планината на гневот“
26.09.2008, „Време без војна“
29.09.2008, „Исправи се Делфина“
30.09.2008, „Светло сиво“

„Тапани во ноќта“ ќе го затвори „Екс понто“ во Љубљана

На затворањето на реномираниот театарски фестивал „Екс понто“ во Љубљана, Словенија, утревечер ќе биде прикажана претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на Прилепскиот театар:
- За нас како театар учеството на „Екс понто“ значи многу. Тоа е потврда за квалитетот на претставата и за ансамблот. Ова е второ гостување на театарот со претставата на фестивал. Првото беше на летниот фестивал „Белеф“. Ќе следи и учеството на фестивалот „МЕСС“ во Сараево - вели Стојан Дамчески, раководител на театарот.
Со гостувањата на театарот на овие фестивали се отвораат вратите за презентација на претставата и на други реномирани фестивали.
По настапот на „МЕСС“, во октомври ќе следи изведба на претставата во Зеница и гостување во Подгорица.
Во претставата играат: Владимир Ѓоргијоски, Илина Чоревска, Игор Трпче, Марија Спиркоска-Илиески, Андон Јованоски, Александар Степанулески, Зоран Иваноски, Александар Тодески и други.
Сценографијата е на Јулијана Војкова-Најман и Филип Јовановски, а музиката е на „Фолтин“.
Извор: Шпиц
Врски: Дневник, Време

вторник, 16 септември 2008

Елена Петреска подготвува спот за песната „Те нема“

Елена Петреска ќе снима спот за песната „Те нема“, која се снимаше во студиото на Роберт Билбилов, кој воедно се потпишува и како автор на музиката и аражманот, додека текстот е на Весна Малинова. Со оваа песна прилепчанката планираше да настапи летоска на Радискиот фестивал „Ѕвездена ноќ“ и да ја промовира, но бидејќи го откажа учеството, песната ќе ја промовира со спот.
Поп-пејачката, која работи во Македонската опера и балет, подготвува и анплагд концерт, кој ќе се одржи во МКЦ, а на кој ќе биде презентирана новата песна заедно со видеозапис. Покрај музиката Елена е преокупирана и со обврските на факултететот за арт и дизајн при Европскиот универзитет.
Извор: Вечер

петок, 12 септември 2008

Р.К.Тутунски Комбинат стана „Златен даб“

Екипата која со години беше позната како Т. Комбинат, за да се ребрендира во Т. К. Бренд, а лани накратко се викаше и ВИП 2007, во новата сезона, во која ќе се натпреварува во Првата Лига, ќе се вика Златен даб.
Со тоа, конечно, е ставен крај на дилемите околу тоа како ќе изгледа (барем на прв поглед) прилепскиот клуб, кој годинава ќе ја преживува својата најлоша година, како член на втората по квалитет лига во Македонија.
Прилепчаните лани доцна се снајдоа со пари, веќе немаа време да се дигнат по катастрофалните резултати во есенскиот дел од сезоната и стигнаа само до шанса да се борат за суперлигашки статус. Не успеаја, на клучниот натпревар со В. В. Тиквеш во Кавадарци беа поразени и се преселија во понизок ранг.
Некогашниот освојувач на Купот на Македонија, со нова управа, се обиде административно да се врати на суперлигашката сцена. Не успеаја, нивното барање да се прошири лигата доби поддршка само од В. В. Тиквеш. А за да се разгледува, беше потребна согласност од сите 8 суперлигаши.
Но, прилепчани не се предадоа и продолжија да го одржуваат во живот клубот, кој сега има и ново име и веројатно ќе се обиде да доведе засилувања кои експресно би го вратиле во македонската елита.
Извор: Македонски Спорт

вторник, 9 септември 2008

Изложба на Дарко Талески

Во петокот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на слики на прилепскиот ликовен уметник Дарко Талески.
Талески има дипломирано на факултетот за ликовна уметност во Велико Трново, Р.Бугарија, а на истиот универзитет станува магистар со специјалност-Медиум и реклама. Има учествувано на повеќе изложби во Бугарија и Македонија. Целосниот каталог подготвен за оваа изложба можете да го прелистате на следниов линк

понеделник, 8 септември 2008

Честит 8-ми Септември

На 8-ми Септември 1991 година се оствари вековниот сон на многу наши предци.
Независна и суверена Македонија!

петок, 5 септември 2008

Златко Крстевски на стрип-фестивал во Херцег Нови

Во познатата галерија „Јосип Бепо Бенковиќ“ и на други локации во Херцег Нови, Црна Гора, од денеска до 10 септември ќе се одржува вториот стрип- фестивал, еден од водечките во регионов, на кој ќе гостува и стрип-авторот од Македонија, Златко Крстевски. Истовремено, ќе биде промовиран и стрип-фестивалот „Арт ноу бордерс“, кој ќе се одржи во Битола во соработка со Центарот за визуелни уметности „Визант“ од Прилеп. Поканети се и светски познати имиња од областа на деветтата уметност-стрипот, како Есад Рибиќ од Хрватска, кој работи за најтиражните стрип- изданија, Зоран Јањетов од Нови Сад, познат по стрип кариерата во Франција, Дубравко Матаковиќ од Хрватска и други.
Извор: Шпиц

четврток, 4 септември 2008

Откриени траги од карпести гравири стари околу 32.000 години пред Христа!

Во околината на манастирот Трескавец кај Прилеп се пронајдени траги од карпести гравири стари околу 32.000 години пред Христа.
- На највисоката точка во близина на манастирот откривме траги од карпести гравири од типот на купулите. Значењето на ова откритие е поголемо кога се знае фактот дека овој вид карпести гравири се меѓу најстарите, кои проф. д-р Амати од Шведската архива за карпеста уметност ги става во временски рамки од 32.000 години пред Христа, вели Душко Алексовски од Македонскиот центар за карпеста уметност.

Тој додава и дека такви гравири забележале пред и зад манастирот. "Истражувањата во околината на Трескавец наскоро ќе продолжат и ќе траат се до целосното документирање на откриениот материјал", вели Алексовски, кој е изненаден од големата концентрација на квадратни вдлабнувања од подоцнежниот период.
Алексовски објаснува и дека купулите или вдлабнатите полутопки се гравири кои се поврзани со: култот на плодноста на луѓето; култот на плодноста на полињата и бујноста на ливадите и шумите; култот на сонцето и погребниот ритуал.

Европската агенција за реконструкција обезбедила средства за набавка на најмодерна опрема за видео и фотозаписи со што истражувањата се документирани.
Извор: Вечер

вторник, 2 септември 2008

Гоце Бошкоски со награда во Зеница

На Радискиот фестивал Еуро Поп – Зеница 2008, пред повеќе од 30.000 публика, свое учество зедоа 20 европски земји, меѓу кои и нашиот претставник Гоце Бошкоски – Чоки, кој настапи со песната Оваа ноќ. Жирито составено од еминентни имиња во музичкиот свет од сите земји учеснички имаше тешка задача да ги распредели наградите...

Во потесниот круг, во битка за Гранд-При влегоа 7 држави и тоа: Хрватска, Турција, Грција, Бугарија, БиХ, Русија и Македонија, со нашиот претставник Гоце - Чоки. Главната награда Гранд-При отиде во рацете на Енрико Џако - од Италија, додека, пак, нашиот изведувач заслужено се закити со награда за најдобра интерпретација. Наградата за музика му припадна на Григор Копров за песната Мој слатки отрове, во изведба на Лука Ѓурѓевиќ од Црна Гора, за аранжман награда понесе песната на Кипријанос - Грција, а најдобар беше текстот на Јасмина Мушановиќ и Индира Мујкановиќ за песната Сломљена крила која ја изведуваше Јелена Павлиќ од Србија.
Извор: МММ

„Кумановски скулптори 2008“ во Прилеп

Во саботата во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура - „Марко Цепенков“ - Прилеп беше отворена изложбата „Кумановски скулптори 2008“. Изложбата ја координира Националната установа Центар за култура - „Трајко Прокопиев - Куманово. На изложбата со по три дела ќе бидат застапени академските скулптори: Азир Азири; Сашо Андевски; Синиша Кашавелски; Марина Цветановска-Мартиновска; Мирослав Величковски и Вања Зафировска.
Скулпторите во Куманово не се многубројни како сликарите и графичарите, но со своите дела заслужуваат соодветно внимание, вредно за едно пошироко претставување пред македонската публика. Работејќи на нивото на своите колеги од постоечкиот македонски скулпторски потенцијал, притоа пристапувајќи како класични скулптори или како концептуални креатори, кумановските автори и покрај скромната продукција сите овие изминати години даваа значаен придонес во обликувањето на вкупната слика за остварувањата во современата македонска скулптура, било да се работеше за експонирања во групни или самостојни проекти.
Изложбата во Прилеп ќе биде поставена во наредните 14 дена а потоа ќе се пресели во неколку галериски центри низ Македонија.
Извор: Culture.in.mk

понеделник, 1 септември 2008

Пиво Фест '08

После многу неизвесност помина и шестото издание од Пиво Фестот или како што годинава се нарекуваше „Фестивал на пивото, скарата и мајтапот“. За разлика од претходните години, имаше помалку пивари, помалку скари и помалку посетители. Но, тоа не беше пречка за да не се ужива во нашето пиво и забавата која што ја понудија како организаторите така и локалните кафулиња. Најмногу внимание предизвикаа забавите „кај зидот“ каде што се пушташе електронска музика до кај 3 часот наутро. Се чини сепак премалку. За една ваква манифестација локалните власти треба да дозволат подолготрајна забава бидејќи имаше доволно посетители кои сакаа сеуште да се забавуваат. За танчерките не коментирам. Само се надевам дека другата година на тоа место ќе уживаме во целодневни забави со познати диџеи.
На главната сцена имаше од се по нешто и за старо и за младо. Најголема посета имаше за настапот на Александра Пилева кој што се претстави во одлично светло. За поздравување е фактот дека преовладуваа рок бендовите и понатаму треба да се размислува за носење на странски познати рок бендови на оваа манифестација.
Дефинитивно најголемо промашување и оваа година беа тоалетите, па така да никој не ги користеше и секој се снајдуваше како знај и умее. Едноставно трошоците за нивно поставување треба да ги сносат организаторите, а не посетителите.
За пофалба е и јавното комунално претпријатие кое навреме го расчистуваше ѓубрето кое го имаше во големи количини. Минус за несовесните посетители кои мислеа дека можат да прават што сакаат.
Годинава имаше послаба рекламираност на настанот. Но знаејќи дека организаторите беа нови не треба да им се забележува. Мислам дека годинава фестов се движеше во добар правец. Поголема ангажираност, носење повеќе пивари, помалку скари, подобра забава во градот...тоа му фали на пиво фестот.

четврток, 28 август 2008

Александра Пилева во сабота настапува на „Пиво Фест“

Александра Пилева на 30. август ќе одржи концерт во рамките на манифестацијата „Пиво фест“ 2008 која традиционално се одржува во Прилеп.
На своите настапи во живо, Пилева ги претставува рефрените од новото цеде „Get Back To Studio Rock & Roll“ пред неговата официјална промоција во септември. Повратничкиот проект, за кој нагласи дека е нејзиниот прв вистински во кариерата, беше најавен со темата „Луда“, а на истиот сними и заеднички сингл со скопскиот метал состав „Dedicated for Life“.
Извор: Кирилица

среда, 27 август 2008

Гоце Бошкоски на фестивал во Зеница

По 16-ти пат годинава, во Зеница (Босна и Херцеговна) се одржува најголемиот спектакл Радиски Регионален Фестивал, на кој во три вечери учесвтво ќе земат многубројни звучни имиња од целиот Балкан.
Организаторите учеството на пејачите го поделиле така што на 29. август е предвидено отворањето на фестивалот со изведувачи од БиХ, а на 30. август учество на 20 претставници на своите земји меѓу кои и нашиот единствен претставник - Гоце Бошкоски - Чоки, кој пред широкиот аудиториум ќе ја исполни темата Оваа ноќ, со која, пак, се закити со награда за најдобра интерпретација на Еврофест 2007 година.
Извор: МММ

понеделник, 25 август 2008

Бесплатен рок концерт во Апореа

Утре 26.08 во рок клубот Апореа свој настап ќе имаат четири бендови од Македонија, Белгија и Франција: „Фолтин“ (Битола), „3Д“ (Кавадарци), „Fluklabass“ (Белгија) и „Sons of the Beach“ (Франција). „Fluklabass“ се претставени како delicate HXC бенд, додека французите „Sons of the Beach“ свират artistic post rock. Настанот започнува во 21.00 часот, а влезот е бесплатен

сабота, 23 август 2008

Детски забавен парк

петок, 22 август 2008

Пиво Фест 2008 (28-31 Август)

четврток, 21 август 2008

„Од кол на кол“ на отворено во петок

Утре, 22.08 во 21.00 часот на плоштадот во Старата чаршија кај споменикот на Итар Пејо, прилепскиот театар ќе ја изведе театарската претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски. На манифестацијата која секој петок ќе се одржува тука пред споменикот на Итар Пејо, оваа недела освен изведбата на претставата ќе има и натпреварувачки дел со прераскажување на вицеви и мајтапи од прилепчани. Следниот петок на програмата е претставата „Песијазол“ во режија на Бранко Ставрев.

среда, 20 август 2008

Вечерва настап на Дани и аудиција за Мелфест

Вечерва во комплексот на новиот базен „Амфора“ ќе настапи поп-рок пејачката Дани која што е најемитуваниот македонски изведувач на „MTV Adria“. Во паузите ќе се одржи и аудиција за нови пејачи на младинскиот музички фестивал „Мелфест 2008“. Освен во нашиот град ваквите аудиции интензивно се одвиваат низ сите градови низ Македонија како подготовка за новото издание на овој фестивал.

понеделник, 18 август 2008

Графити

Колку да не паднат во заборав. Неколкуте графити што беа на ѕидовите од домот на АРМ...


петок, 15 август 2008

Турнир во мал фудбал на македонците од Балканот

четврток, 14 август 2008

„Тапани во ноќта“ на седум фестивали

„Тапани во ноќта“, во режија на младиот битолчанец Мартин Кочовски, претстава со која прилепскиот театар успешно го почна пробивот на театарските сцени надвор од Македонија, ја очекуваат неколку изведби на врвни театарски фестивали во регионов, што се случува за првпат во историјата на куќата. Претставата, работена по не многу често поставуван текст на Бертолд Брехт, откако неодамна успешно помина на театарскиот летен фестивал „Белеф“ во Србија, ќе биде изведена и на престижниот фестивал „Експонто“ во Љубљана, како и на МЕСС во Сараево. Изведбите во Словенија, односно во БиХ се закажани за 23 септември, односно за 19 октомври. По нив следат настапи на сцените во Зеница и во Подгорица, а во план е и гостување во Албанија.
- Ова е првпат во досегашното постоење на куќата да учествуваме на престижни фестивали. Се надеваме дека овие настапи ќе бидат историски за нашиот театар - вели Стојан Дамчески, раководител на театарот. Приказната е лоцирана во 1921 Берлин, кога се случува крајот на Спартанистичкото востание против власта. Војник, оптоварен со сите специфики на поствоениот синдром по Првата светска војна, се враќа дома со надеж дека барем љубовта останала. Но, војната оставила траги и во животот на неговата сакана...
„Тапани во ноќта“ е ансамбл-претстава во која 17 актери се постојано на сцената. Во претставата гостува битолската актерка Илина Чоревска. Одѕивот за претставата од првиот настап на белградскиот фестивал „Белеф“ беше извонредни. Со „Тапани во ноќта“ прилепскиот театар планира гостување и на фестивал во Санкт Петербург, Русија.

Извори: Време, Дневник

среда, 13 август 2008

„We are one“ multimedia festival 16.08.2008


Вечери на мајтапот пред споменикот на Итар Пејо

Секој петок талентираните прилепчани за мајтап, шега и вицеви ќе ги забавуваат сограѓаните на „Вечерта на мајтапот“, која ќе се одржува на малиот плоштад пред споменикот на мариовскиот итрец Итар Пејо. Според најавите, во овој проект на прилепскиот театар и локалната самоуправа, со натпреварувачки дух, ќе имаат право на учество сите граѓани. Жири-комисија ќе им додели соодветни награди на најдуховитите.

„Намерата е овој културен настан да стане бренд на градот, бидејќи прилепчани се познати по својата духовитост и шегите“, изјави градоначалникот Марјан Ристески. Според него, овој единствен проект од ваков вид во државава има цел да прерасне во традиционален и да привлече поголем број туристи од земјава и од странство.

Првиот настап в петок е резервиран за двајца млади актери од прилепскиот театар, Александар Тодески и Милан Секулоски. А натаму се предвидени и изведби на повеќе комедии од репертоарот на ансамблот на „Чернодрински“ и видеопрезентација на хумористичната серија „Солунски патрдии“.
Извори: Утрински Весник, Прилеп.гов.мк

понеделник, 11 август 2008

Уникатни откритија и во Мариово

На локалитетот Трештена стена, во близина на мариовското село Чаниште, се откриени предмети со уникатно украсување. Тие се единствени во Македонија и и припаѓаат на костолачката и на вучидолската културна група, сметаат археолозите. Александар Миткоски, археолог и раководител на проектот, вели дека при ископувањата на локалитетот, кои завршија деновиве, се откриени вредни предмети кои говорат за духовниот живот на луѓето кои живееле на овие простори.
- Пронајдовме фрагменти од керамички садови, култна пластика, мали куќни жртвеници и слично. Заслужуваат внимание фрагментираните зооморфни и антропоморфни фигурини кои говорат за духовниот живот на луѓето кои живееле тука од средниот до доцниот енеолит. Дел од откриените предмети се украсени со посебна техника на украсување која се нарекува фурхенштихт - вели Митксоки, виш кустос во прилепскиот завод и Музеј.
Освен предметите, на локалитетот Трештена стена се откриени и пет хоризонти на живеење од бакарниот период, со објекти кои се надземни, градени во класичен тип на праисториски градби од дрвена граѓа, излепена со куќен лепеш. Првичните истражувања на Трештена стена почнаа во 2001 година. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарно време.
Извор: Време

петок, 8 август 2008

Да не се заборави!

08.08.2001-08.08.2008

Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотовски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Почивајте во мир!

четврток, 7 август 2008

Откриен малтешки крст на локалитетот „Баба“

Уникатен рановизантиски железен крст од малтешки вид, досега непозната појава на македонските простори, е откриен при археолошките истражувања на локалитетот Баба, во близината на вештачкото езеро до Прилеп.
Прилепските археолози, по истражувањата, кои завршија деновиве, ќе продолжат со дополнителни анализи за да откријат хронолошки и културни аналогии за значењето на железниот крст, најатрактивниот наод од ископувањата на Баба.
- Крстот е со димензии 14 сантиметри височина и 11 сантиметри должина на краците. Првично го дефиниравме како рановизантиски крст од 6 век од малтешка варијанта. Крст од овој тип е непозната појава на македонските простори. Со дополнителни хронолошки и културни аналогии ќе го бараме временскиот период кога е настанат крстот и како се нашол на овие простори - вели Душко Темелкоски, археолог во прилепскиот Завод и музеј и раководител на проектот.
При ископувањата на Баба се пронајдени и други значајни наоди, како што се керамички предмети, покривна керамика, фрагментирани садови, наоди од метал - ножиња и врвови од копје, кои сведочат за животот и навиките на луѓето на овој простор.
- Се претпоставува дека локалитетот, поради неговата доминантност на теренот, во античко време бил воено-стратегиско утврдување. Досега со ископувањата откривме два типа градби: од македонски период, 2 век пред наша ера, и од рановизантиски период, односно од 6 век - објаснува археологот Темелкоски.
Иако откриен пред десетина години, на локалитетот Баба првичните ископувања почнаа пред три години. Годинава се извршени поопсежни истражувања со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Се очекува поради големото значење на наодите археолошките истражувања на Баба да продолжат и в година.
Извор: Нова Македонија

Поетско Маркукуле во Прилеп

Поетската вечер "Поетско Маркукуле - крај камената статуа на слонот" ќе се одржи в сабота под Марковите кули во Прилеп. Ова ќе биде втора поетска вечер. Веќе е издаден зборник со 30 - тина песни на ланските учесници. Годинава се пријавени 40-тина автори.
Организатори се локалната самоуправа и квартетот "Пела", чии членови вчера ја промовира книгата со нивни песни, "Прво Б". Книгата содржи 21 песна и е издадена во Словенија со поддршка на словенечкото Министерство за култура. Препевот од словенечки на македонски е на Љубен Димкароски.
Извор: Вечер

среда, 6 август 2008

Манастир „Св.Ѓорѓија“ с.Присад