понеделник, 2 јуни 2008

„Приказна за војникот“ освои Гранд-при во Кочани

Наградата "Гран - при Васил Ќортошев" за најдобро аматерско остварување на драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој заврши вчера, ја понесе претставата „Приказна за војникот“ работена по текст на Шарл Фердинанд -Рами, во режија на Игор Трпчески, изведена од Театарската работилница Прилеп и Националната установа Центар за култура "Марко Цепенков". Наградите за за најдобра женска и машка улога ги понесоа Александра Огненовска и Огнен Бендовски за улогите на Дора и Така во претставата "Шмизла" од Сашо Тасевски на Драмската аматерска група "Талија" од Битола. Најдобрата режија е на Дејан Ангелов, за претставата "Комедии од Чехов", изведена од НУЦК "Ацо Ѓорчев" од Неготино, а воедно од оваа претстава, е и на најдобрата женска "епизода" на Теодора Иванова, додека гостинот од Србија, Лука Томашевиќ за улогата на Патрокле во "Илијада" на белградскиот Дадов театар. Ова е одлуката на жирито:Петар Мирчевски (претседател) и Рубенс Муратовски и Викторија Т. Рангелова (членови). Изборот беше направен во конкуренција на 10 домашни и три претстави од странство.
Извор: Вечер