недела, 29 јуни 2008

Мораториум III низ слики

Scullcrush
Warnament

Serpentine Fire

Maras

Vandal

Scorch

четврток, 26 јуни 2008

Уметничка колонија во Дрен

Вкупно 14 уметници од земјава вчера почнаа да создаваат уметнички дела во рамките на ликовната колонија што се одржува во манастирот „Свети Илија“ во прилепското село Дрен, јави МИА. Колонијата, која ќе трае до недела, ја организира Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.Пределот нуди голема инспирација за уметниците што ќе создаваат свои слики. Тенденција е колонијата да прерасне во традиционална и меѓународна за да може да поканиме учесници и од странство - вели Тони Чатлески, директор на прилепскиот Центар за култура.
Извор: Дневник

Нов амфитеатар во Варош

Во најстарата прилепска населба Варош во тек е изградбата на новиот амфитеатар кој што ќе претставува сцена за културни, театарски, уметнички и музички перформанси. Објектот е сместен во дворот на црквата „Св. Димитриј“ и свечено ќе биде пуштен во употреба на крајот од Јули со музичко-театарски изведби. Со тоа се привршува една фаза од реновирањето на населбата Варош и Марковите Кули каде што е направена туристичката патека. Се очекува овој дел да стане атрактивно место за туристички посети на сите културни и историски објекти и предели. Да потсетиме дека Марковите Кули се во најтесниот избор за да влезат под заштите на УНЕСКО.

понеделник, 23 јуни 2008

Софија Никоска ја освои главната награда на „Охридски бисери“

17-годишниот виртуоз на виолина, Софија Никоска од Прилеп, ја крена на нозе охридска Света Софија.

Од 150 учесници од десетина европски земји, ја освои главната награда Лауреатот на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“. Како награда од жири комисијата доби и стипендија за студирање на престижниот конзерваториум во Сан Франциско.

„Оваа награда претставува за мене како кула на трудот кој досега го вложивме јас и мојот професор Олег Контатенко и стимул за понатамошно вежбање и работа. Моја најголема желба е да ја продолжам мојата музичка надградба кај светски познати професори“, изјави Софија Никоска, музичар.

Никоска е единствениот студент во Македонија која со свои само 15 години, земајќи го предвреме средното образование, се запиша на Музичката академија. Иако, еден од нашите најголеми таленти, со освоени безброј награди, таа нема доволно поддршка од државата. Според неа, музичките таленти во Македонија се препуштени сами на себе.

„Сите настапи на натпревари од меѓународен тип надвор од границите на нашата земја, сите семинари кои ги посетуваме ние музичарите се финансиски поддржани само од нашите семејства“, вели Софија никоска.

Токму поради ваквата не-поддршка, македонските таленти најчесто се преселуваат во странство.

„Државата не ни дава голема важност и шанса на класичната музика тука и поради тоа, музичарите од Македонија гледаат поголеми можности во странство“, додаде Никоска.

Следниот меѓународен натпревар на Никоска ќе биде идниот месец во Словенија, учество за жал, финансирано само од нејзините родители.
Извор:А1

сабота, 21 јуни 2008

Мораториум III

петок, 20 јуни 2008

ЕП 2008 на „Могила“

„Тапани во ноќта“ селектирана на МЕСС

Претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, а во продукција на Народниот театар од Прилеп е македонскиот репрезент на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Таа е избрана во официјалната натпреварувачка програма на овој познат регионален фестивал, кој ќе се одржи од 18 до 26 октомври, а ќе се игра на вториот фестивалски ден, на 19 октомври.

Според директорот на Прилепскиот театар, Стојан Дамчевски, селекторот на МЕСС, Дино Мустафиќ, веднаш по гледањето на претставата, без размислување соопштил дека таа влегува во официјалната програма на фестивалот.

„Тапани во ноќта“ доби покана да учествува и на фестивалот „Белеф“ во Белград, каде биде изведена на 16 јули, на сцената на познатото Југословенско драмско позориште. Исто така, постои можност претставата да биде селектирана и да гостува на најголемиот словенечки театарски фестивал „Експонто“во Љубљана, кој се одржува во средината на септември. Според директорот Дамчевски, селекторот на „Експонто“, Дамир Кос, пријатно изненаден откако ја гледал претставата, ветил дека ќе се потруди таа да се најде и на „Експонто“ иако програмата на фестивалот е веќе затворена. Според Дамчевски, „Тапани во ноќта“ веќе го пробива патот на странските театарски сцени и ќе биде бренд на прилепскиот театар и на градот. Таа ќе има и светска презентација во Богота и во Москва.
Извор: Утрински Весник

среда, 18 јуни 2008

Колку претстави посетивте на театарските игри?

Коментарите овде. Гласовите десно:

1. 1 (2 гласа)
2. 2 (1 глас)
3. 3 (3 гласа)
4. 5+ (3 гласа)
5. Ниедна (4 гласа)

понеделник, 16 јуни 2008

„Од кол на кол“ на фестивалот на театарска комедија во Охрид

Прилепскиот театар со комедијата „Од кол на кол“ која е вистински хит во театарот ќе учествува на фестивалот на театарска комедија во Охрид.
-Театарската претстава „Од кол на кол“ или како што се вика „На два стола“ од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски ќе учествува на фестивалот за театарска комедија што оваа година за прв пат се одржува во Охрид од 21 до 27 јуни а ќе се одиграат вкупно 6 театарски претстави комедии секоја вечер во 21:00 часот во Домот на културата во Охрид - „Григор Прличев“.Инаку во прилепскиот театар оваа комедија е вистински хит и има преку 30 репризи одиграно од премиерата во Декември минатата година,наскоро јубилејната 50 изведба на театарската претстава „Од кол на кол“ која вреди да се погледа и повеќе од еднаш.
Извор: Прилепски Театар

недела, 15 јуни 2008

Трета димензија

Групата Трета димензија доаѓа од Прилеп, и постои повеќе од шест месеци. Во неа членуваат Даниел Павлоски (вокал), Дарко Ристески (гитара) и Душко Темелкоски (клавијатури). Од самото формирање континуирано настапуваат во прилепски ноќни клубови.
Пред пошироката публика ќе се претстават на претстојниот Радиски фестивал Звездена ноќ во Охрид, и тоа со песната Ноќва остани, авторско дело на Душко Темелкоски, поранешен вокал во групата Бен Хур. Песната е снимена во студиото на Борче Шабаноски, кој беше задолжен за аражманот.
Преземија песната
Извор: MMM

петок, 13 јуни 2008

„Бегалка“ е победник на „Војдан Чернодрински“

Претставата „Бегалка“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Штипскиот театар е победник на 43-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Одлуката, според жирито, била донесена едногласно.

„Малку избегавме од оној класичен битов текст, којшто е напишан од Иљоски и тука малку ја поместивме работата, значи повеќе одевме да се изрази љубовта“, рече Владимир Тулиев, глумец во претставата.

Фестивалот помина во одлична организација, а публиката желна за култура, ги преполни салите. Глумците задоволни од сработеното, но велат, ако сакаме подобар театар во Македонија, потребни се повеќе пари за културата.

„Треба да се даде малку повеќе за културата отколку што досега се даваше. Со години плачеме за тие пари, нема смисла повеќе да се зборува“, изјави Лидија Иваноска, добитник на наградата за животно дело. Дел од театарските работници сепак велат, пари во културата имало отсекогаш, но ако сакаме нашиот театар да оди напред, мора да научиме да менаџираме со тие средства, а не да ги трошиме на непотребни работи.

„Најдобрите претстави мислам дека се направени со многу малку пари, некои се дури и без пари, така што не е до парите. Проблемот е каде се даваат пари и второ, дали тие пари одат на безвезни места заради лоша организација“, вели Срѓан Јанакиевиќ, режисер. Дел од нив, пак, се обвинија самите себе дека и тие се виновни за одредената криза во македонскиот театар, за која се зборува со години.

„Театарџиите да почувствуваат, повторно да поверуваат дека тоа што го прават е многу битно во светот и дека тоа што е нивна професија е една од најубавите професии, нешто што го заборавија“, рече Златко Славенски, режисер.
Извор: А1

среда, 11 јуни 2008

Бронзен медал за Иле Ристески на Светскиот куп

Иле Ристески го освои сребрениот медал на Светскиот куп во италијанскиот град Салсамаџоре во категоријата до 75 кг. во дисциплината фул контакт. Од останатите Македонски кик-боксери бронза освоија Мирко Костиќ (86 кг), Милица Неделковска (57 кг) и Филип Мицевски (47) кај јуниорите.

сабота, 7 јуни 2008

34-ти Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“

Денес и утре во Прилеп и Долнени по 34-ти пат ќе се одржи Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“. Со дефиле на учесниците, низ улиците на Прилеп, ќе се отвори манифестацијата, а попладнето и утредента во Долнени ќе се одржи натпреварувачкиот дел . Годинава на фестивалот ќе настапат околу 400 учесници од земјава, Србија, Словенија и од Бугарија, а најмаладиот учесник со само 8 години доаѓа од Ново Село струмичко, додека највозрасниот со 92 години е од фолклорната група "Копачка" од Делчево која одбележува шест децении постоење. Статуетката на гајдачијата и наградата Гран при и годинава ќе ја додели Советот на фестивалот, а наградени ќе бидат и најуспешните групи и поединци. Општината Долнени, традиционално на најуспешниот странски изведувач ја доделува гајдата на „Пеце Атанасоски“.
Извор: „Вест“

Цртежи од Таневска во Прилеп

„Јапонски и кинески знаци“ е насловот на изложбата на дела од Тања Таневска, која синоќа беше отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Таа се претставува со 20 цртежи од нејзиниот последен циклус. Делата се работени на картон со комбинирана техника, тушеви во боја и асфалт. Ова е второ самостојно претставување на Таневска во Прилеп.
Извор: Дневник

среда, 4 јуни 2008

43. МТФ „Војдан Чернодрински“

43. Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп
06 - 12 Јуни 2008

Петок, 6 јуни
20:00 Свечено отворање
-Доделување на наградите за животно дело

Љубиша Георгиевски
„Далај Лама“
Режија: Дејан Пројковски
Народен театар - Битола
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

Сабота, 7 јуни
11:30 Изложба на театарски плакати и скици на Крсте С. Џидров (1982-2007)
Фоаје - Дом на култура „Марко Цепенков“

12:00 Македонските древни театри
Модератор: Ангелина Маркус
Камерна сала „Сцена 105“ - Дом на култура „Марко Цепенков“

19:30 Вилијам Шекспир
„Комедија од грешки“
Режија: Владен Александров
Народен театар „Антон Панов“ - Струмица
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

22:00 Димитар Талев
„Светилникот“
Режија: Владо Цветановски
Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп
Народен театар „Војдан Чернодрински“ (официјална програма)

00:00 според Григор Прличев и Тихомир Стојаноски
„Сердарот засекогаш љубов“
Режија: Тихомир Стојаноски
Копродукција: Културен центар „СКРБ И УТЕХА“ и Народен театар - Велес
Црква „Св. Никола“ - Варош (придружна програма)

Недела, 8 јуни
19:30 Тунџер Џуџеноглу
„Женички“
Режија: Наташа Поплавска
Турски театар - Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

22:00 Григориј Горин
„Да се заборави Херостат“
Режија: Зоја Бузалкова
Народен театар - Велес
Народен театар „Војдан Чернодрински“ (официјална програма)

00:00 Родриго Гарсија
„Приказна за Роналд кловнот од Mc Donald’s“
Режија: Софија Ристевска
Народен театар - Куманово
Дом на култура „Марко Цепенков“ (придружна програма)

Понеделник, 9 јуни
11:00 Промоција на книгите:
„Театарот во Македонија“ - подем на сценската уметност од Ристо Стефановски и
„Траги во времето“ од Иван Иваноски
Камерна сала „Сцена 105“ - Дом на култура „Марко Цепенков“

12:00 Умрежување на театрите
Модератор: Сашо Миленковски, режисер и директор на МНТ-Скопје
Камерна сала „Сцена 105“ - Дом на култура „Марко Цепенков“

19:30 Карло Глдони
„Импресарио од Измир“
Режија: Ахмет Јакупи
Тетовски театар - Тетово
Народен театар „Војдан Чернодрински„ (официјална програма)

22:00 Дејан Дуковски
„Дракула“
Режија: Срѓан Јаначиевиќ
Македонски народен театар - Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

00:00 Џон Озборн
„Обѕрнисе во гневот“
Режија: Јован Ристовски
Народен театар - Битола
Народен театар „Војдан Чернодрински“ (придружна програма)

Вторник, 10 јуни
12:00 Драмски текст - читање
Модератори: Трајче Кацаров и Братислав Димитров
Камерна сала „Сцена 105“ - Дом на култура „Марко Цепенков“

19:30 Георг Бихнер
„Војцек“
Режија: Куштрим Бектеши
Албански театар - Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

22:00 Васил Иљоски
„Бегалка“
Режија: Дејан Пројковски
Народен театар - Штип
Народен театар „Војдан Чернодрински“ (официјална програма)

00:00 Ѓорѓи Јолевски
„Е Е Г“
Авторски проект на Ѓорѓи Јолевски
Продукција: Театар „Квартет“ во копродукција со МНТ-Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“ (придружна програма)

Среда, 11 јуни
12:00 Промоција на драмските текстови „Шмизла“ од Сашо Тасевски
Промотор: проф. д-р Венко Андоновски
Камерна сала „Сцена 105“ - Дом на култура „Марко Цепенков“

20:00 Лори Андерсен
„Супернова“
Режија: Златко Славенски
Драмски театар - Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“ (официјална програма)

23:00 Испитна претстава на студентите од II година во класата на проф. Кирил Ристоски и доцент Зоја Бузалковска
Факултет за драмски уметности - Скопје
Народен театар „Војдан Чернодрински“ (придружна програма)

Четврток, 12 јуни
20:00 Свечено затворање
-Доделување на наградите

Нина Митровиќ
„Комшилук наопаку“
Режија: Нени Делместре
Драмски театар - Скопје
Дом на култура „Марко Цепенков“

Мариово е неистражено археолошко наоѓалиште

На локалитетот Висока, на врвот од Селечка Планина во Мариовско, на височина од 1.472 метри, пред три години е откриен антички град и дворец со огромни блокови. Археолозите потенцираат дека Мариово е богато, но неистражено археолошко наоѓалиште.

Објектите датираат од 4 век пред нашата ера, што е претпоставка дека тука владеел некаков крал или помал кнез. Гробницата во подножјето на планината е потврда дека тој великодостоинственик бил погребан тука.

„Досегашните истражувања се реализирани на површина од два хектара, во должина од 350 метри и широчина од околу 100 метри. Таму е документиран град со одбранбен ѕид во доцен антички опус. Годинава сме во фаза на дооткривање на гробницата. Најголем проблем е тоа што не можеме да работиме на врвот Висока поради непристапноста на теренот“, објаснува професор Виктор Лилчиќ.

Според него, откриени се разни видови керамика од 4 век пред новата ера, делови од накит и од копци од облеката на воините, монети на македонските кралеви, Александар Македонски, монети од градовите...

Но, натамошните истражувања треба да ја решат дилемата кој владетел владеел во дворецот и кое било името на овој антички град“, додава Лилчиќ. За досегашните истражувања се потрошени над 1,4 милиона денари.
Извор: Утрински Весник

вторник, 3 јуни 2008

Нова песна од Елена Петреска

Летово ќе биде напорно и жешко за поп-пејачка Елена Петреска. Прилепчанката веќе ја подготви новата песна „Те нема“, која се снимаше во студиото на Роберт Билбилов, кој воедно се потпишува и како автор на музиката и аражманот, додека текстот е на Весна Малинова. Песната ќе се промовира на Радискиот фестивал "Ѕвездена ноќ", кој ќе се одржи во Охридскиот амфитеатар на 28, 29 и 30 јуни.
Елена се подготвува темелно за фестивалот каде најавува гламурозен сценски настап, а Монси ќе се погрижи за нејзиниот стајлинг. Поп-пејачката подготвува и анплагд-концерт кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар - МКЦ, а на кој ќе биде презентирана новата песна заедно со видеозапис.
Извор: Вечер

понеделник, 2 јуни 2008

„Приказна за војникот“ освои Гранд-при во Кочани

Наградата "Гран - при Васил Ќортошев" за најдобро аматерско остварување на драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој заврши вчера, ја понесе претставата „Приказна за војникот“ работена по текст на Шарл Фердинанд -Рами, во режија на Игор Трпчески, изведена од Театарската работилница Прилеп и Националната установа Центар за култура "Марко Цепенков". Наградите за за најдобра женска и машка улога ги понесоа Александра Огненовска и Огнен Бендовски за улогите на Дора и Така во претставата "Шмизла" од Сашо Тасевски на Драмската аматерска група "Талија" од Битола. Најдобрата режија е на Дејан Ангелов, за претставата "Комедии од Чехов", изведена од НУЦК "Ацо Ѓорчев" од Неготино, а воедно од оваа претстава, е и на најдобрата женска "епизода" на Теодора Иванова, додека гостинот од Србија, Лука Томашевиќ за улогата на Патрокле во "Илијада" на белградскиот Дадов театар. Ова е одлуката на жирито:Петар Мирчевски (претседател) и Рубенс Муратовски и Викторија Т. Рангелова (членови). Изборот беше направен во конкуренција на 10 домашни и три претстави од странство.
Извор: Вечер