Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески вели дека со оваа манифестација се продолжува долгогодишната традиција.
“Карневалот е можност преку маска и шега да се продолжи традицијата. Очекуваме бројни гости да го проследат карневалот кој финансиски освен општината со 200 илјади денари го поддржа и Министерството за култура“, вели градоначалникот Ристески.
Од Здружението “Прилепски мечкари“ велат дека досега пријавиле учество маскирани групи од земјава и странство.
“Шест месеци ги реализираме активностите за карневалот. Очекуваме да помине во најдобар ред и да пристигнат пријавените маски од земјава и од Словенија, Црна гора, Бугарија“, вели претседателот Ванчо Георгиев. Етнологот Александар Цветкоски, член на жирито, вели дека очекуваат годинава фестивалот да биде најбогат.
“Годинашната манифестација очекуваме да биде најбогата, да понуди препознатливи маски кои ќе ја одразуваат традицијата. Жири комисијата ќе ги оценува маските според општиот впечаток, уметничкиот квалитет, вложениот труд за изработката на маските и драмските елементи“, вели Цветкоски. Празникот Проштени Поклади, наречен “Прочка“ е првиот предвесник на големиот Христијански празник Велигден и го означува предвечерието на Големите пости за пречек на датумот на Христовото воскресение.
Извор: Нова Македонија“Карневалот е можност преку маска и шега да се продолжи традицијата. Очекуваме бројни гости да го проследат карневалот кој финансиски освен општината со 200 илјади денари го поддржа и Министерството за култура“, вели градоначалникот Ристески.