Тринаесет уметници од земјава и од Србија, од вчера до 29 јуни, инспирирани од природните убавини во околината на прилепското село Дрен, ќе творат во конаците на манастирскиот комплекс "Св. Илија ", во рамките на Ликовната колонија која ја организира Центарот за култура "Марко Цепенков" .
Олгица Антоска, Владимир Кнежевиќ, Сергеј Дамовски, Анета Петреска, Марија Стојановска и Мита Ристиќ се дел од уметниците што ќе учествуваат на втората ликовна колонија "Дрен 2008". "По ланскиот успех, кога 13 уметници создадоа 28 дела кои ги виде не само прилепската туку и културната јавност во повеќе македонски градови, и Министерството за култура финансиски застана зад Колонијата, која годинава има интернационален карактер", вели директорот на Центарот Тони Чатлески.
Извор: Вест