сабота, 23 август 2008 г.
петок, 22 август 2008 г.
четврток, 21 август 2008 г.
„Од кол на кол“ на отворено во петок
Утре, 22.08 во 21.00 часот на плоштадот во Старата чаршија кај споменикот на Итар Пејо, прилепскиот театар ќе ја изведе театарската претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски. На манифестацијата која секој петок ќе се одржува тука пред споменикот на Итар Пејо, оваа недела освен изведбата на претставата ќе има и натпреварувачки дел со прераскажување на вицеви и мајтапи од прилепчани. Следниот петок на програмата е претставата „Песијазол“ во режија на Бранко Ставрев.
среда, 20 август 2008 г.
Вечерва настап на Дани и аудиција за Мелфест
Вечерва во комплексот на новиот базен „Амфора“ ќе настапи поп-рок пејачката Дани која што е најемитуваниот македонски изведувач на „MTV Adria“. Во паузите ќе се одржи и аудиција за нови пејачи на младинскиот музички фестивал „Мелфест 2008“. Освен во нашиот град ваквите аудиции интензивно се одвиваат низ сите градови низ Македонија како подготовка за новото издание на овој фестивал.понеделник, 18 август 2008 г.
петок, 15 август 2008 г.
четврток, 14 август 2008 г.
„Тапани во ноќта“ на седум фестивали
„Тапани во ноќта“, во режија на младиот битолчанец Мартин Кочовски, претстава со која прилепскиот театар успешно го почна пробивот на театарските сцени надвор од Македонија, ја очекуваат неколку изведби на врвни театарски фестивали во регионов, што се случува за првпат во историјата на куќата. Претставата, работена по не многу често поставуван текст на Бертолд Брехт, откако неодамна успешно помина на театарскиот летен фестивал „Белеф“ во Србија, ќе биде изведена и на престижниот фестивал „Експонто“ во Љубљана, како и на МЕСС во Сараево. Изведбите во Словенија, односно во БиХ се закажани за 23 септември, односно за 19 октомври. По нив следат настапи на сцените во Зеница и во Подгорица, а во план е и гостување во Албанија.- Ова е првпат во досегашното постоење на куќата да учествуваме на престижни фестивали. Се надеваме дека овие настапи ќе бидат историски за нашиот театар - вели Стојан Дамчески, раководител на театарот. Приказната е лоцирана во 1921 Берлин, кога се случува крајот на Спартанистичкото востание против власта. Војник, оптоварен со сите специфики на поствоениот синдром по Првата светска војна, се враќа дома со надеж дека барем љубовта останала. Но, војната оставила траги и во животот на неговата сакана...
„Тапани во ноќта“ е ансамбл-претстава во која 17 актери се постојано на сцената. Во претставата гостува битолската актерка Илина Чоревска. Одѕивот за претставата од првиот настап на белградскиот фестивал „Белеф“ беше извонредни. Со „Тапани во ноќта“ прилепскиот театар планира гостување и на фестивал во Санкт Петербург, Русија.
Извори: Време, Дневник
„Тапани во ноќта“ е ансамбл-претстава во која 17 актери се постојано на сцената. Во претставата гостува битолската актерка Илина Чоревска. Одѕивот за претставата од првиот настап на белградскиот фестивал „Белеф“ беше извонредни. Со „Тапани во ноќта“ прилепскиот театар планира гостување и на фестивал во Санкт Петербург, Русија.
среда, 13 август 2008 г.
Вечери на мајтапот пред споменикот на Итар Пејо
Секој петок талентираните прилепчани за мајтап, шега и вицеви ќе ги забавуваат сограѓаните на „Вечерта на мајтапот“, која ќе се одржува на малиот плоштад пред споменикот на мариовскиот итрец Итар Пејо. Според најавите, во овој проект на прилепскиот театар и локалната самоуправа, со натпреварувачки дух, ќе имаат право на учество сите граѓани. Жири-комисија ќе им додели соодветни награди на најдуховитите.
„Намерата е овој културен настан да стане бренд на градот, бидејќи прилепчани се познати по својата духовитост и шегите“, изјави градоначалникот Марјан Ристески. Според него, овој единствен проект од ваков вид во државава има цел да прерасне во традиционален и да привлече поголем број туристи од земјава и од странство.
Првиот настап в петок е резервиран за двајца млади актери од прилепскиот театар, Александар Тодески и Милан Секулоски. А натаму се предвидени и изведби на повеќе комедии од репертоарот на ансамблот на „Чернодрински“ и видеопрезентација на хумористичната серија „Солунски патрдии“.
Извори: Утрински Весник, Прилеп.гов.мк
Претплати се на:
Објави (Atom)




