Вечерва во комплексот на новиот базен „Амфора“ ќе настапи поп-рок пејачката Дани која што е најемитуваниот македонски изведувач на „MTV Adria“. Во паузите ќе се одржи и аудиција за нови пејачи на младинскиот музички фестивал „Мелфест 2008“. Освен во нашиот град ваквите аудиции интензивно се одвиваат низ сите градови низ Македонија како подготовка за новото издание на овој фестивал.среда, 20 август 2008 г.
Вечерва настап на Дани и аудиција за Мелфест
Вечерва во комплексот на новиот базен „Амфора“ ќе настапи поп-рок пејачката Дани која што е најемитуваниот македонски изведувач на „MTV Adria“. Во паузите ќе се одржи и аудиција за нови пејачи на младинскиот музички фестивал „Мелфест 2008“. Освен во нашиот град ваквите аудиции интензивно се одвиваат низ сите градови низ Македонија како подготовка за новото издание на овој фестивал.понеделник, 18 август 2008 г.
петок, 15 август 2008 г.
четврток, 14 август 2008 г.
„Тапани во ноќта“ на седум фестивали
„Тапани во ноќта“, во режија на младиот битолчанец Мартин Кочовски, претстава со која прилепскиот театар успешно го почна пробивот на театарските сцени надвор од Македонија, ја очекуваат неколку изведби на врвни театарски фестивали во регионов, што се случува за првпат во историјата на куќата. Претставата, работена по не многу често поставуван текст на Бертолд Брехт, откако неодамна успешно помина на театарскиот летен фестивал „Белеф“ во Србија, ќе биде изведена и на престижниот фестивал „Експонто“ во Љубљана, како и на МЕСС во Сараево. Изведбите во Словенија, односно во БиХ се закажани за 23 септември, односно за 19 октомври. По нив следат настапи на сцените во Зеница и во Подгорица, а во план е и гостување во Албанија.- Ова е првпат во досегашното постоење на куќата да учествуваме на престижни фестивали. Се надеваме дека овие настапи ќе бидат историски за нашиот театар - вели Стојан Дамчески, раководител на театарот. Приказната е лоцирана во 1921 Берлин, кога се случува крајот на Спартанистичкото востание против власта. Војник, оптоварен со сите специфики на поствоениот синдром по Првата светска војна, се враќа дома со надеж дека барем љубовта останала. Но, војната оставила траги и во животот на неговата сакана...
„Тапани во ноќта“ е ансамбл-претстава во која 17 актери се постојано на сцената. Во претставата гостува битолската актерка Илина Чоревска. Одѕивот за претставата од првиот настап на белградскиот фестивал „Белеф“ беше извонредни. Со „Тапани во ноќта“ прилепскиот театар планира гостување и на фестивал во Санкт Петербург, Русија.
Извори: Време, Дневник
„Тапани во ноќта“ е ансамбл-претстава во која 17 актери се постојано на сцената. Во претставата гостува битолската актерка Илина Чоревска. Одѕивот за претставата од првиот настап на белградскиот фестивал „Белеф“ беше извонредни. Со „Тапани во ноќта“ прилепскиот театар планира гостување и на фестивал во Санкт Петербург, Русија.
среда, 13 август 2008 г.
Вечери на мајтапот пред споменикот на Итар Пејо
Секој петок талентираните прилепчани за мајтап, шега и вицеви ќе ги забавуваат сограѓаните на „Вечерта на мајтапот“, која ќе се одржува на малиот плоштад пред споменикот на мариовскиот итрец Итар Пејо. Според најавите, во овој проект на прилепскиот театар и локалната самоуправа, со натпреварувачки дух, ќе имаат право на учество сите граѓани. Жири-комисија ќе им додели соодветни награди на најдуховитите.
„Намерата е овој културен настан да стане бренд на градот, бидејќи прилепчани се познати по својата духовитост и шегите“, изјави градоначалникот Марјан Ристески. Според него, овој единствен проект од ваков вид во државава има цел да прерасне во традиционален и да привлече поголем број туристи од земјава и од странство.
Првиот настап в петок е резервиран за двајца млади актери од прилепскиот театар, Александар Тодески и Милан Секулоски. А натаму се предвидени и изведби на повеќе комедии од репертоарот на ансамблот на „Чернодрински“ и видеопрезентација на хумористичната серија „Солунски патрдии“.
Извори: Утрински Весник, Прилеп.гов.мк
понеделник, 11 август 2008 г.
Уникатни откритија и во Мариово
На локалитетот Трештена стена, во близина на мариовското село Чаниште, се откриени предмети со уникатно украсување. Тие се единствени во Македонија и и припаѓаат на костолачката и на вучидолската културна група, сметаат археолозите. Александар Миткоски, археолог и раководител на проектот, вели дека при ископувањата на локалитетот, кои завршија деновиве, се откриени вредни предмети кои говорат за духовниот живот на луѓето кои живееле на овие простори.
- Пронајдовме фрагменти од керамички садови, култна пластика, мали куќни жртвеници и слично. Заслужуваат внимание фрагментираните зооморфни и антропоморфни фигурини кои говорат за духовниот живот на луѓето кои живееле тука од средниот до доцниот енеолит. Дел од откриените предмети се украсени со посебна техника на украсување која се нарекува фурхенштихт - вели Митксоки, виш кустос во прилепскиот завод и Музеј.
Освен предметите, на локалитетот Трештена стена се откриени и пет хоризонти на живеење од бакарниот период, со објекти кои се надземни, градени во класичен тип на праисториски градби од дрвена граѓа, излепена со куќен лепеш. Првичните истражувања на Трештена стена почнаа во 2001 година. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарно време.
Извор: Време
- Пронајдовме фрагменти од керамички садови, култна пластика, мали куќни жртвеници и слично. Заслужуваат внимание фрагментираните зооморфни и антропоморфни фигурини кои говорат за духовниот живот на луѓето кои живееле тука од средниот до доцниот енеолит. Дел од откриените предмети се украсени со посебна техника на украсување која се нарекува фурхенштихт - вели Митксоки, виш кустос во прилепскиот завод и Музеј.
Освен предметите, на локалитетот Трештена стена се откриени и пет хоризонти на живеење од бакарниот период, со објекти кои се надземни, градени во класичен тип на праисториски градби од дрвена граѓа, излепена со куќен лепеш. Првичните истражувања на Трештена стена почнаа во 2001 година. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарно време.
категории: Археологија
Објавено од Prilep во 18:45
петок, 8 август 2008 г.
Да не се заборави!
08.08.2001-08.08.2008
Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотовски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Почивајте во мир!
Објавено од Prilep во 00:15
четврток, 7 август 2008 г.
Откриен малтешки крст на локалитетот „Баба“
Уникатен рановизантиски железен крст од малтешки вид, досега непозната појава на македонските простори, е откриен при археолошките истражувања на локалитетот Баба, во близината на вештачкото езеро до Прилеп.Прилепските археолози, по истражувањата, кои завршија деновиве, ќе продолжат со дополнителни анализи за да откријат хронолошки и културни аналогии за значењето на железниот крст, најатрактивниот наод од ископувањата на Баба.
- Крстот е со димензии 14 сантиметри височина и 11 сантиметри должина на краците. Првично го дефиниравме како рановизантиски крст од 6 век од малтешка варијанта. Крст од овој тип е непозната појава на македонските простори. Со дополнителни хронолошки и културни аналогии ќе го бараме временскиот период кога е настанат крстот и како се нашол на овие простори - вели Душко Темелкоски, археолог во прилепскиот Завод и музеј и раководител на проектот.
При ископувањата на Баба се пронајдени и други значајни наоди, како што се керамички предмети, покривна керамика, фрагментирани садови, наоди од метал - ножиња и врвови од копје, кои сведочат за животот и навиките на луѓето на овој простор.
- Се претпоставува дека локалитетот, поради неговата доминантност на теренот, во античко време бил воено-стратегиско утврдување. Досега со ископувањата откривме два типа градби: од македонски период, 2 век пред наша ера, и од рановизантиски период, односно од 6 век - објаснува археологот Темелкоски.
Иако откриен пред десетина години, на локалитетот Баба првичните ископувања почнаа пред три години. Годинава се извршени поопсежни истражувања со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Се очекува поради големото значење на наодите археолошките истражувања на Баба да продолжат и в година.
Извор: Нова Македонија
категории: Археологија
Објавено од Prilep во 21:31
Претплати се на:
Објави (Atom)


