недела, 29 јуни 2008 г.

Мораториум III низ слики

Scullcrush
Warnament

Serpentine Fire

Maras

Vandal

Scorch

четврток, 26 јуни 2008 г.

Уметничка колонија во Дрен

Вкупно 14 уметници од земјава вчера почнаа да создаваат уметнички дела во рамките на ликовната колонија што се одржува во манастирот „Свети Илија“ во прилепското село Дрен, јави МИА. Колонијата, која ќе трае до недела, ја организира Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.Пределот нуди голема инспирација за уметниците што ќе создаваат свои слики. Тенденција е колонијата да прерасне во традиционална и меѓународна за да може да поканиме учесници и од странство - вели Тони Чатлески, директор на прилепскиот Центар за култура.
Извор: Дневник

Нов амфитеатар во Варош

Во најстарата прилепска населба Варош во тек е изградбата на новиот амфитеатар кој што ќе претставува сцена за културни, театарски, уметнички и музички перформанси. Објектот е сместен во дворот на црквата „Св. Димитриј“ и свечено ќе биде пуштен во употреба на крајот од Јули со музичко-театарски изведби. Со тоа се привршува една фаза од реновирањето на населбата Варош и Марковите Кули каде што е направена туристичката патека. Се очекува овој дел да стане атрактивно место за туристички посети на сите културни и историски објекти и предели. Да потсетиме дека Марковите Кули се во најтесниот избор за да влезат под заштите на УНЕСКО.

понеделник, 23 јуни 2008 г.

Софија Никоска ја освои главната награда на „Охридски бисери“

17-годишниот виртуоз на виолина, Софија Никоска од Прилеп, ја крена на нозе охридска Света Софија.

Од 150 учесници од десетина европски земји, ја освои главната награда Лауреатот на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“. Како награда од жири комисијата доби и стипендија за студирање на престижниот конзерваториум во Сан Франциско.

„Оваа награда претставува за мене како кула на трудот кој досега го вложивме јас и мојот професор Олег Контатенко и стимул за понатамошно вежбање и работа. Моја најголема желба е да ја продолжам мојата музичка надградба кај светски познати професори“, изјави Софија Никоска, музичар.

Никоска е единствениот студент во Македонија која со свои само 15 години, земајќи го предвреме средното образование, се запиша на Музичката академија. Иако, еден од нашите најголеми таленти, со освоени безброј награди, таа нема доволно поддршка од државата. Според неа, музичките таленти во Македонија се препуштени сами на себе.

„Сите настапи на натпревари од меѓународен тип надвор од границите на нашата земја, сите семинари кои ги посетуваме ние музичарите се финансиски поддржани само од нашите семејства“, вели Софија никоска.

Токму поради ваквата не-поддршка, македонските таленти најчесто се преселуваат во странство.

„Државата не ни дава голема важност и шанса на класичната музика тука и поради тоа, музичарите од Македонија гледаат поголеми можности во странство“, додаде Никоска.

Следниот меѓународен натпревар на Никоска ќе биде идниот месец во Словенија, учество за жал, финансирано само од нејзините родители.
Извор:А1

сабота, 21 јуни 2008 г.

Мораториум III

петок, 20 јуни 2008 г.

ЕП 2008 на „Могила“

„Тапани во ноќта“ селектирана на МЕСС

Претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, а во продукција на Народниот театар од Прилеп е македонскиот репрезент на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Таа е избрана во официјалната натпреварувачка програма на овој познат регионален фестивал, кој ќе се одржи од 18 до 26 октомври, а ќе се игра на вториот фестивалски ден, на 19 октомври.

Според директорот на Прилепскиот театар, Стојан Дамчевски, селекторот на МЕСС, Дино Мустафиќ, веднаш по гледањето на претставата, без размислување соопштил дека таа влегува во официјалната програма на фестивалот.

„Тапани во ноќта“ доби покана да учествува и на фестивалот „Белеф“ во Белград, каде биде изведена на 16 јули, на сцената на познатото Југословенско драмско позориште. Исто така, постои можност претставата да биде селектирана и да гостува на најголемиот словенечки театарски фестивал „Експонто“во Љубљана, кој се одржува во средината на септември. Според директорот Дамчевски, селекторот на „Експонто“, Дамир Кос, пријатно изненаден откако ја гледал претставата, ветил дека ќе се потруди таа да се најде и на „Експонто“ иако програмата на фестивалот е веќе затворена. Според Дамчевски, „Тапани во ноќта“ веќе го пробива патот на странските театарски сцени и ќе биде бренд на прилепскиот театар и на градот. Таа ќе има и светска презентација во Богота и во Москва.
Извор: Утрински Весник

среда, 18 јуни 2008 г.

Колку претстави посетивте на театарските игри?

Коментарите овде. Гласовите десно:

1. 1 (2 гласа)
2. 2 (1 глас)
3. 3 (3 гласа)
4. 5+ (3 гласа)
5. Ниедна (4 гласа)

понеделник, 16 јуни 2008 г.

„Од кол на кол“ на фестивалот на театарска комедија во Охрид

Прилепскиот театар со комедијата „Од кол на кол“ која е вистински хит во театарот ќе учествува на фестивалот на театарска комедија во Охрид.
-Театарската претстава „Од кол на кол“ или како што се вика „На два стола“ од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски ќе учествува на фестивалот за театарска комедија што оваа година за прв пат се одржува во Охрид од 21 до 27 јуни а ќе се одиграат вкупно 6 театарски претстави комедии секоја вечер во 21:00 часот во Домот на културата во Охрид - „Григор Прличев“.Инаку во прилепскиот театар оваа комедија е вистински хит и има преку 30 репризи одиграно од премиерата во Декември минатата година,наскоро јубилејната 50 изведба на театарската претстава „Од кол на кол“ која вреди да се погледа и повеќе од еднаш.
Извор: Прилепски Театар