Извор: Дневник
четврток, 20 ноември 2008 г.
„Трета димензија“ промовира нов спот
Прилепската група „Трета димензија“ го промовира спотот за песната „Ноќва остани“ , со која се претстави на годинашното издание на фестивалот „Ѕвездена ноќ“. Клипот е снимен на локацијата „Кула Б“ во Прилеп, а покрај членовите на бендот, во него се појавува и младата тапанарка Весела Димевска. Составот, што го негува поп-рок стилот, го сочинуваат младите Даниел Павловски (вокал) и Дарко Ристески (гитари), како и искусниот клавијатурист Душко Темелковски, познат во јавноста како член на групите „Бен Хур“ и „Кучешка тенија“ која настапуваше со Ристо Бомбата. Темелковски се јавува како автор на темата „Ноќва остани“, а за аранжманот се погрижи Борче Шабановски. „Трета димензија“ моментално работи на новата нумера „Исто што и ти“, повторно дело на Темелковски, во аранжман на Дарко Тасев.
Извор: Дневник
Извор: Дневник
понеделник, 17 ноември 2008 г.
Ден на дрвото
Во среда, 19 Ноември, по втор пат ќе се одржи акцијата за засадување на млади садници „Ден на дрвото“. Акцијата предвидува вклучување на сите граѓани од Македонија во засадувањето на нови садници на голем број места. Нашиот град ќе биде застапен со две локации на пошумување, кај с.Алинци и Дервен. Поаѓањето на првата локација е во 08.00 часот од пред Домот на култура „Марко Цепенков“, додека поаѓањето на втората локација е од пред општината во исто време.
Токсик на Winner Fest
Прилепскиот рок бенд Токсик ќе учествува на годинешниот Winner Fest во организација на Литиум Рекордс како дел од програмата на годинешниов Таксират. Победникот на Winner Fest како награда добива снимање на ЦД во издание на оваа издавачка куќа. Првиот настап е на 20.11 во Битола, на 21.11 во Штип и главната вечер е на 22.11 во МКЦ, Скопје.
вторник, 4 ноември 2008 г.
„Приказна за војникот” на фестивал во Србија
Театарската претстава „Приказна за војникот” на прилепскиот театар, во режија на Игор Трпчески, ќе учествува на фестивалот „Репасаж” во Србија во градот Уб на 11 ти ноември. На фестивалот „Репасаж” се натпреваруваат претставите од целиот Балкан кои добиле нагарда за најдобра претстава на домашните аматерски фестивали. Претставата „Приказна за војникот” оваа година ја доби нагардта Гран при за најдобра театарска претстава на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Премиерата на претставата беше на почетокот од месец март оваа година на сцената од прилепскиот театар. Во претставата се раскажува ужасната судбина на војникот кој ѓаволот му го следи секој негов чекор и му го уништува животот до самиот крај. Режисер на претставата е Игор Трпчески, сценографијата и костимите се на Бојана Артиновска, кореографијата и сценските движења на Кире Миладиноски, музиката е на Игор Стравински, а текстот на Шарл Фердинанд Рами. Главните ликови во претставата ги играат Бобан Алексоски во улогата на ѓаволот и Илија Волчески во улогата на војникот.Денешни написи поврзани со народниот театар „Војдан Чернодрински“:
недела, 2 ноември 2008 г.
Премиера на „Волшебникот од Оз"
Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп, недела 02 ноември 2008 година премиерно ќе ја изведе претставата за деца и млади „Волшебникот од Оз" како прв проект во новата сезона. Претставата е современа бајка за јунаците од приказната "Волшебникот од Оз". Режисер на оваа претстава е Петар Димоски, а улогите ги играат: Марија Спиркоска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Милан Секулоски, Димитар Вандески, Бобан Алексоски, Илија Волчески и членови на балетското студио "Зодијак" од Прилеп. Музиката за детската претстава е на Душан Темелковски, кореографијата и сценските движења на Кире Миладиноски, костимите на Раде Василев, а целокупниот дизајн за претставата е на Владимир и Игор Ѓорѓијоски. Со оваа детска претстава се планирани гостувања на интернационални детски фестивали надвор од земјава.четврток, 30 октомври 2008 г.
Програма за „3-ти Ноември“
2 Ноември
19.00 часот:
Свечено отворање на туристичката патека „Крал Марко“ и амфитеатарот во Варош каде што концерт ќе одржат Борис Трајанов и квартетот Даутовски.
3 Ноември
09.00 часот:
Положување на цвеќе на спомениците на првиот претседател Методија Андонов-Ченто, паркот на револуцијата и Песјобрдце.
11.00 часот:
Пуштање во употреба на новата зграда на Основен Суд-Прилеп
16.00 часот:
Петта прилепска бригада-кружен тек, реконструкција на водоводната мрежа-почеток на фаза II
17.00 часот:
Поставување на камен темелник на новата административна зграда на ЈКП „Водовод и канализација“
19.00 часот:
Доделување на наградите „3-ти Ноември“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Концерт на Софија Никоска-виолина, Христина Никоска-пијано и градскиот црковен хор под диригентство на Илија Јанчулески
Награда за животно дело ќе добие оперскиот пејач Борис Трајанов.
Годинешни носители на наградата „3-ти Ноември“ ќе бидат: Гоце Седлоски, Наталија Ацеска, Илија Јанчулески, Петре Алавантиоски, Томислав Темелкоски, Виолета Проскоска и Сабина Асаноска

среда, 29 октомври 2008 г.
Три награди за прилепскиот театар на МЕСС
Претставата „Тапани во ноќта“ во продукција на Народниот театар од Прилеп, доби три награди на 48. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево.Претставата работена по Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски е наградена со Сребрен ловоров венец за најдобра претстава во категоријата MittelEurope. Наградата „Јурослав Корениќ“ за најдобар млад режисер му е доделена на Мартин Кочовски, кој ја дели со Филип Гринвалд. Прилепскиот театар ја доби и наградата на Тркалезната маса на критиката на МЕСС 2008 за најдобар авторски став „Клуч за толкување“.
Ново востановената награда „Марко Ковачевиќ“, која што се доделува за најдобра книга од областа на есеистиката или публицистиката за сценските уметности, оваа година и е доделена на театарската критичарка и публицистка од Македонија, Лилјана Мазова за книгата „Посветеност, Процеси, Персони“ во издание на Силсонс, Македонија.
Наградите на 48. Интернационален театарски фестивал МЕСС, што се одржа од 18 до 28 октомври, утринава беа соопштени во Сараево.
На годинешниот фестивал беа прикажани 33 претстави од 17 земји од светот. Гран при или Златниот венец за најдобра претстава во целина, жирито и додели на претставата Sclavi/Емигрантска песна, во продукција на театарското студио Farm in the cave од Чешка.
Извор: Макфакс
вторник, 28 октомври 2008 г.
Спортски викенд
Пелистер-Победа 0:1
Со голот на Нестороски во 71 минута фудбалерите на Победа ги освоија бодовите во пелагониското дерби што се играше „Под тумбе кафе“. Со тоа поправен е впечатокот од лошиот старт на сезоната и сега со поволниот распоред, двете нови засилувања во Крстев и Ристевски како и воиграноста на екипата реални се очекувањата за искачување во горниот дел на табелата и борба за местата кои водат во Европа. Следната недела Победа ќе одмора и ќе се подготвува за дерби натпреварот со лидерот на табелата скопски Вардар кој од летово го има и новиот спонзор во името на Трифун Костовски.
Вардар О.-11 Октомври 1:3
Пријатно изненадување се и одбојкарите на 11 Октомври кои после победата на Шкендија им го зедоја скалпот и на Вардар Осигурување и тоа на гостински терен. Домаќините кои најавуваа сигурна победа се најдоја затечени од новиот годинашен тим, засилен и одлично воигран кој ќе атакува на врвот од табелата.
Златен Даб-слободен
Ракометароте на Златен Даб засега немаат достоен противник во втората македонска ракометна лига и слават убедливи победи. Ова коло беа слободни после успехот во Охрид против домаќинот Климент Охридски со 13:34
11 Октомври-Бабуна 4:2
Нова лесна победа издвојуваа фудбалерите на третолигашот 11 Октомври овојпат на домашен терен против велешка Бабуна. За разлика од минатото коло кога противникот деветпати ја вадеше топката од сопствената мрежа овај викенд стрелците се „релаксираа“. 11 Октомври цврсто ја има запоседнато првата позиција на табелата и е најсериозен кандидат за влегување еден ранг повисоко.

понеделник, 27 октомври 2008 г.
Прилепскиот театар ја заврши турнејата во БиХ и Црна Гора
Со претставата „Тапани во ноќта“, прилепскиот Театар ги заврши еднонеделите гостувања во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Започа со учеството на 48. Меѓународен театарски фестивал МЕСС во Сараево на 19 ти октомври, два дена потоа гостуваше во Зеница за на крајот на 24-ти турнејата да ја заврши пред театарската пулика во Подгорица, Црна Гора.
-Задоволни сме од настапите и од реакциите на публиката и на критиката. Претставата “Тапани во ноќта” живее и се надградува, а играта на актерите е покомпактна. Искуството стекнато на МЕСС, каде се најдовме меѓу 17 земји учеснички е огромно зашто бевме во рангот на реномираните светски театри како што е берлинскиот, изјави режисерот на “Тапани во ноќта” Мартин Кочовски.
Во Подгорица гостуваше на покана на Народно позориште, каде од директорот на театарот Јанко Љумовиќ е најавен продолжување на соработката со прилепскиот театар.
Министерот за култура на Црна Гора, Бранислав Миќуновиќ навестува конкретна соработка со македонското Министерство со кое пред две години има потпишано начелен договор.
- Сега во ноември очекувам билатералната соработка на културен план да ја конкретизираме. Во почетокот на идниот месец ќе потпишеме конкретни тригодишни договори со 4-5 македонски институции од културата. Ќе стане збор за копродукции, фестивалски продукции и размена на проекти, како што се театарски и оркестарски. Ќе се одреди и бројот на проектите за размени и гостувања во двете земји, изјави црногорскиот министер за култура Миќуновиќ.
Според него тоа ќе значи здружување на културниот дух во двете земји кои и досега имаат непречена плодна соработка.
Извор: МИА

Претплати се на:
Објави (Atom)